Нов силен земјотрес во Егејско Море, на удар е Измир
Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2017
Силен земјотрес од 5 степени е регистриран денеска во Егејското Море.
Потресот бил во реонот на округот Измир, соопшти турската телевизија НТВ, повикувајќи се на Дирекцијата за управување при катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).
Епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина 9,88 километри, недалеку од градот Карабурун. Земјотресот е регистриран во 5:48 часот и е почувствуван во Измир, Карабурун и уште многу градови во регионот.
Директорот на канцеларијата во АФАД во округот Измир, Осман Метин Сароглу, изјави дека според првичните податоци при потресот нема повредени или причинета материјална штета. Тој соопшти дека тим на АФАД се упатил кон градот Карабурун.
Афтершоковите продолжуваат по силниот земјотрес од 6,2 степени, минатата недела во морето меѓу грчкиот остров Лезбос и турскиот град Карабурун.
Утрово повеќе послаби земјотреси имаше во Турција, во Унгарија, Иран и во други држави.