18 Мај, 2024
0.0304

Нов, „reshoring“ тренд на Островот – Британците го враќаат производството во својата татковина

Објавено во: Свет 03 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Британските компании со години го селеа производството во други земји, како Kина и Индија. Тој процес е познат под називот outsorcing. Меѓутоа, сега неколку британски фирми прават reshoring, обратен процес, односно, производството го враќаат во земјата. Зуење на машините, евтина работна сила и брзо производство. Звучи познато, но ова не е Кина. Ова се прави во Британија. Зголемена работа Осум години по преселувањето на фабриката, британскиот произведувач на автоделови „РДМ груп“ ја враќа компанијата во татковината, пишува „Ал Џезира Балкан“. - Работата е зголемена изминативе две-три години, како и трошоците за транспорт за околу 100 отсто - истакнува Мајлс Гарнер, директор за маркетинг и продажба во компанијата. Овој процес брзо се шири. Дури една од седум британски компании годинава го врати производството од странство или е во процес да го врати. Произведувачот на модел на возови „Хернби“ е една од тие компании, како и технолошката фирма „Розбери Пи“, објави владината служба за производство, чиј директор Стивен Бар вели дека трендот го покренуваат цените, квалитетот и роковите на испорака. Географски фактор - Фразата што често сме ја слушале е географскиот фактор. Kомпаниите сфаќаат дека вкупниот трошок се балансира добро и оти всушност станува поевтино во многу случаи кога ќе се земат сите фактори предвид. Тоа поттикнува многу од овие мали компании производството да го вратат дома - вели Бар. „РДМ груп“ ќе врати половина од своето производство во идните две години во новата фабрика во Kонвентри и ќе создаде десетици работни места. Перспективата е ветувачка. Две третини од компаниите што се имаат вратено веќе забележаа пораст на продажбата. Етикетата „made in Britain“ помага во тоа. Се очекува трендот да продолжи и в година со произведувачи што сега бараат квалитет, а не квантитет.    

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата