03 Мај, 2024
0.0574

Нов рекорд со акциите на Реплек: Менаџментот не ги напушта позициите и покрај притисокот од акционерите

Објавено во: Економија 12 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Ниту еден акционер не побара разрешување на Управниот и на Надзорниот одбор на Реплек, тврдат денеска од компанијата во дополнување на известувањето во врска со годишното собрание на акционери. Објаснуваат дека не е одлучено одделно за одобрувањето на работата за 2020 година на секој член на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на што обврзува член 384 од Законот за трговски друштва. Во исто време мнозинството акционери на чело од двоецот Душан и Владимир Пецоски кои поседуваат заедно 17,7 отсто од акциите остануваат на ставот дека согласно тој член доколку акционерите не ја одобрат работата на одборите ним автоматски им престанува функцијата. Акционерите кои не гласаа за доверба на генералниот директор Иван Туџаров и сотанатите менацери доставуваат денеска информации до Комиисјата за хартии од вредност и до Македонска берза. Во меѓувреме акцијата на Реплек одите во вис. Денеска беа истргувани 80 акции по просечна пазарна цена од 108.000 денари односно вкупно 140.000 евра што е нов дневен рекорд.

„Во врска со првата точка од дневниот ред која се состои од разгледување на годишниот извештај за работењето на друштвото за период јануари- декември 2020 усвојување на извештајот и одобрување на работата на Управниот одбор по завршување на дискусиите без раздвојување на гласањето за усвојување на извештајот од гласањето за одобрување на работата и водењето на работењето со друштвото на членовите на Управниот одбор, собранието гласало единствено по првата точка при што 9809 гласа биле за, а 9907 гласа против. Во случајот не е одлучено одделно за одобрувањето на работата за 2020 година на секој член на Управниот одбор на што обврзува член 384 став 5 од ЗТД. Од страна на ниту еден акционер присутен на годишното собрание не е побарано отповикување на ниту еден член на Управниот одобро ниту е донесена одлука за отповикување на било кој член на Управниот одбор, стои во известувањето од Реплек, а слично е објаснувањето и за гласањето по точката за Надзорниот одбор.

Сепак, Владимир Пецоски за Фактор вели дека остануваат на ставот и тоа го предвидува и Законот за трговски друштва дека согласно Ччен 363 и 384 со неодобрување на работата на одборите, сите членови вклучувајки ги и Иван Туџаров, односно Претседателот на Управниот Одбор (Генералниот Директор на Реплек АД), како и Претседателот на Надзорниот Одбор се истовремено разрешени. 

Тие се обратија денеска до Комисијата за хартии од вредност и до Македонска берза. Дописот го потпишале мнозниството од акционерите.

Инаку денеска е посатвен нов дневен рекорд во тргувањето со акцијата на Реплек, а тој тренд на интерес почна уште од петокот. Тој ден беа истргувани беа 54 акции со право на глас што претставува рекордна истргувана количина за еден ден во период една трговска година. Во ценовна маргина од 99.000 до 99.500 во шест трансакции беше направен промет од 90.000 евра за 0,2 отсто од сите акции во „Реплек“.

Претходно берзата го замрзна па го одмрзна тргувањето со акциите на оваа компанија

Сите детали за насатните во Реплек овде

На 22 април е закажано продолжување на собранието на точките гласање за одобрување на работа на органите за управување.

Инаку во Реплек, Иван Туџаров поседува 11,2 отсто обични акции. Друштво за трговија и услуги Ситко Антоинио Доел има 6,1 отсто, Сава Пензиски фонд има 6,4 проценти. Владимир Пецоски поседува 5,79 од акциите, Душан Пецоски 11, 92 проценти, а Славица Туџарова 11,57 отсто.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија