Коѕијас: Поддржувачите на Македонија пред ветото на Макрон требаше нему да му стават вето
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2019 12:48
Грција треба да преземе иницијатива и да одржи средби со земјите кои имаат став за стабилност на Балканот. Ова го посочува за дел од грчките новински агенции поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас кој потенцира дека треба да се поддржи италијанската иницијатива.
-Јас лично заедно со моите пријатели министри за надворешни работи и поранешни министри ќе преземеме иницијативи за европската перспектива на Северна Македонија, истакнува Коѕијас коментирајќи го ветото од францускиот претседател Емануел Макрон и недоделувањето на датум за Македонија и Албанија.
Коѕијас смета дека Унијата не донесе одлука против интеграција, беше за, но на крајот одлуката беше блокирана од Французите и истакна дека е потребна активна надворешна политика со цели и конкретни мерки.
Потписникот на Преспанскиот договор вели дека она што требало да се направи пред состанокот е сојузништво на земјите што ја поддржуваат интеграцијата на Северна Македонија, односно земјите од Вишеград, од Балканот и од балтичките земји, како што рече, да се формираше цврст фронт на 15 земји кои ќе настапеа со ставот дека „ако Франција стави вето, ќе наиде на вето од овие земји“.
-Ако Макрон ја изразува неговата лутина кон Германците, бидејќи не направија продлабочување на европското обединување, ако ја изразува неговата лутина кон Европскиот парламент, бидејќи министерката за одбрана на Германија ја избра за претседател на комисијата, а неговата министерка одби да ја избере за член на комисијата, ако е лут, и со право, што Американците не го известија дека ќе се повлечат од Сирија, ако ги видиме неговите внатрешни случаи и стравот од Ле Пен итн,зко ги видиме сите овие работи, зошто да не стави вето? Јас ги прашав луѓето што ги знам во Франција, како реагира општеството на ветото на Макрон и ми велат одушевени се, задоволни се, истакна Коѕијас анализирајќи ја позицијата на францускиот претседател во однос на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





