18 Мај, 2024
0.0273

Видео: Нов крвав напад во Турција, овој пат настрадаа војници

Објавено во: Балкан 17 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Во уште еден сериозен бомбашки напад во турскиот град Кајсери загинаа најмалку 13 војници, а армијата соопшти дека експлозијата настанала од автомобил-бомба. Нападот се случил во раните утрински часови во близина на универзитетската зграда во градот Кајсери во централна Турција. Во експлозијата е уништен автобус во кој се наоѓале цивили и голем број турски војници, кои се враќале од работа. 

Заменикот премиер Вејси Кајнак соопшти дека нападот со автомобил-бомба бил насочен против турската војска. Тој потсети на последните терористички атентати во Истанбул. Во првото соопштение од армијата стои дека се загинати најмалку 13 војници, а најмалку 46 луѓе се повредени. Меѓу жртвите има и цивили. На телевизиските снимки се гледа изгорената каросерија на автобусот.

Ова е втор крвав напад по бомбите кои одекнаа во близина на стадионот на Бешикташ во Истанбул каде бројот на жртви надмина 40. Кајсери често е под напади на курдските бунтовници, па се очекува токму нивни милитантни групи да стојат и зад оваа експлозија со тоа што судирот со власта на Ердоган станува се пожесток.



Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?