18 Мај, 2024
0.0420

НОВ БУЏЕТ: Белгија ги зголеми платите на најсиромашните!

Објавено во: Економија, Свет 11 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Цигарите, алкохолот и газираните пијалоци во Белгија ќе поскапат значително од Нова година, а платите на најсиромашните ќе се зголемат.

Тоа е цената на компромисот за буџетот, постигнат од десната владеачка коалиција. Министрите ги намалија со речиси 900 милиони евра планираните приходи во буџетот, за да се подигнат приходите на најсиромашните граѓани.

Според договорот, постигнат вчера, пакет цигари ќе поскапе за 32 центи, а тутунот - со 2,88 до 2018 година. Уште од 1 јануари пакет цигари ќе биде 5,93 € (€ 5,8 сега). Зголемувањето на алкохолот е за 2,52 € на шише, а виното за 17 центи. Белгија воведе и данок на "здравје" за слатките безалкохолни производи од 3 центи за литар. Очекуваните приходи од него се 50 милиони годишно.

Масовно користеното дизел исто поскапува - со 2 евра на резервоар, како зголемувањето ќе опфати и следните 2 година Во моментов, цената му е 1 € / л. Затоа пак цената на гасот ќе опадне. Владата се откажа од планираното ново зголемување на струјата, откако пред еден месец данок на струјата беше дуплира.

Малку ќе се зголемат и корпоративните даноци, но пак социјалните придонеси на работодавачите ќе паднат, што според владата значи дека ќе може да се вработат повеќе нискоквалификувани работници и невработеноста ќе падне.

Во малите фирми првиот работник ќе биде бесплатен за работодавачот. Се намалуваат и даноците за самовработените. Затоа пак значително се зголемуваат и ниските и средни плати. Најсиромашните, кои работат за помалку од 1.500 евра месечно, ќе добијат по 140 евра до 2019 година. Просечната плата од 3300 евра, ќе се зголеми за 91 секој месец, а повисоките (под € 4500) - со 78. Со 2% се зголемуваат и минималните пензии.

Одлуката за буџетот доаѓа по серијата национални штрајкови, вклучувајќи 2 во последната недела - генерален во средата и на железничкиот транспорт во петокот. Тоа е најзначајната даночна реформа во Белгија од 60-тите години наваму. Синдикатите ја поздравија десната влада со намалувањето на даночното оптоварување. Тие сепак се незадоволни од "благиот" данок, бидејќи освен дека ќе се намалат приходите на продавниците, ќе ги натера луѓето да купуваат најевтино и безалкохолно во кои има најмногу добивки.

По европските правила секоја земја од ЕУ треба да ги претстави за координација во Европската комисија буџетските планови за следната година. Не сите се среќни од даночната реформа, сепак интернет страниците на премиерот Шарл Мишел и на парламентот, беа пробиени вчера од групата "Анонимус Белгија". Хакери објавија на Твитер дека Владата прави грешка.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа