02 Мај, 2024
0.0247

Нов бран поскапувања ќе ни го загорчи септември!

Објавено во: Економија 07 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Поскапувањето на енергенсите од почетокот на јули, уште еднаш ќе ги удри граѓаните по џеб и во септември. Прехранбената индустрија започна да ги прави пресметките, но неодамнешното поскапување на струјата, нафтата, гасот се очекува неминовно да се одрази и на другите артикли. Според економистите, ценовното цунами допрва доаѓа, а поскапувањата најмногу и најсилно ќе се почуствуваат на есен. „Зголемените трошоци по основ на поскапата струја ќе ја зголемат цената на чинење на производството а со тоа и цената на крајниот производ. Овие поскапувања што почнаа во јули ќе кулминираат во септември, кога производите се вградени импути, односно пресметани зголемени трошоци, ќе се продаваат по цени повисоки за 5%. Сега, овие неколку летни месеци производителите ги трошат залихите и можно е да не се почувствува тој бран, но веќе на есен производството ќе работи со нови трошоци кои ќе мора да бидат пресметани во крајниот производ“, вели универзитетскиот професор Сами Бислими за порталот „Порталб“. Критична станува и состојбата во транспортниот сектор, особено по последното поскапување на нафтените деривати за 2 денари по литар. „Цените на горивата се зголемени не само во Македонија туку и во регионот и во Европа и секако дека тоа влијае врз рентабилноста на транспортниот сектор. Приходите завршуваат за подмирување на тековни раходи, многу малку пари остануваат за инвестиции“, вели Билјана Муратовска од транспортното здружение „Макамтранс“. Министерот за економија Беким Незири тврди дека Владата го следи трендот на поскапувања со кој се соочуваат граѓаните и затоа носи пакет мерки за подобрување на состојбата на социјално ранливите категории граѓани. ДАЛИ Е МОЖНО: Живеачката во Македонија поевтинила изминатава година!

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?