14 Декември, 2025
0.0481

НОТАРСКА КОМОРА: Тарифата не само што не го следеше трендот на пораст на платите, туку и е намалувана во 2010, 2016, 2019

Објавено во: Економија 01 Август, 2024 17:28

Добивај вести на Viber

Од Нотарската комора велат дека трошоците растеле, а цената на нотарските услуги се намалувала. 

Нотарите не се откажуваат од потребата за зголемување на цената на нотарските услуги. Од нотарската комора велат дека за новата одлука на министерот Игор Филков слушнале од медиумите и дека се подготвени за дебата во која ќе се соочат фактите за нотарската тарифа. 

„Нотарската тарифа не само што не го следеше трендот на пораст на платите, животните трошоци, стапката на инфлација и вредноста на правната работа, туку напротив во овие 25 години, истата во континуитет е намалувана во 2010, 2016 и 2019 година. Влијание на измените на Нотарската тарифа има и фактот што од воведувањето на нотаријатот, донесени се низа закони со кои се зголемуваат обврските на нотарите, што само по себе повлекува нови вработувања во нотарските канцеларии, а Нотарската тарифа паралелно се намалува“, се наведува во реакцијата на Нотарската комора.

Министерот за правда Игор Филков, вчера соопшти дека иницирал повлекување на зголемувањето на нотарската награда. Тој посочи дека ваквата одлука била донесена од неговиот претходник на заминување, Кренар Лога, пред тој да ја напушти функцијата..

Инаку, нотари во Македонија остваруваат годишни добивки и до неколку стотина илјади евра, откако ќе ги исплатат своите вработени, закупот за канцеларијата и останатите трошоци. „Фактор“ ги обезбеди податоците за најголемите остварени профити на сопствениците на нотарските канцеларии за 2023. Најпрофитабилните пет од нив се канцеларии од Скопје.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји