Добивај вести на Viber
Александра Андресен (19) од Норвешка е најмладата милијардерка во светот.
Со своите 1,2 милијарда долари е на 1.476. место на листата на најбогати луѓе, која списанието Forbes ја составува секоја година. Таа професионално се занимава со јавање и има добиено бројни награди.
Зад Александра на листата е нејзината 20-годишна сестра Катарина. И двете сестри го наследиле богатството од нивниот татко, Јохан Андресен, кој им препишал по 42,2% од акциите во својата инвестициска компанија „Ferd Holding“.
Ова богато семејство порано поседувало бизнис во тутунската индустрија. Во 2005 година ја продале компанијата, која била водечки производител на цигари во Норвешка. Заработката од 500 милиони долари, богатото семејство ја инвестирало во недвижнини, акции и инвестициски фондови.
Бил Гејтс e прв на листата на најбогати личности во светот со 75 милијарди долари.