05 Мај, 2024
0.0245

Нобеловиот медал на економистот Кузнец продаден за 390 848 долари

Објавено во: Стил 01 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Скапоцениот медал направен од 23 каратно злато е продаден на аукција во Лос Анџелес, а неговиот купувач е непознат. Сајмон Кузнец ја добил Нобеловата награда во 1971 година за неговата работа врз економскиот раст. Тој ги користел демографијата и статистиката за да го разбере ефектот од растот на популацијата врз националната продуктивност. Но, медалот на Кузнец не е најскапо продадениот. Кон крајот на минатата година во декември, американскиот генетичар Џејмс Ватсон го продаде својот медал за речиси пет милиони долари.   Љ.Н.