18 Мај, 2024
0.0531

Нобеловата награда за економија е доделена на Ангус Дитон

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Носителот на Нобеловата награда за економија за 2015 година е професор Ангус Дитон за неговата "анализа на потрошувачката, сиромаштијата и благосостојбата", соопштија пред нека минути претставници на националната банка на Шведска.

Дитон е родум од Шкотска, но во последните години работи во Универзитетот Принстон во САД.

"За да се создаде таква економска политика, која ги стимулира повисоките приходи и намалена сиромаштија, потребно е да биде разбран корисничкиот избор на поединецот. Ангус Дитон повеќе од било кој друг придонесе за зајакнување на ова разбирање", се наведува во пораката на банката.

Анализите за кои Дитон добива наградата, одговараат на три главни прашања:

- Како корисниците ги распределуваат средствата за купување на разни стоки? Одговорот на ова прашање е потребен не само за објаснување и предвидување на реалните кориснички модели, но е и од клучно значење за оценката од различни политички реформи врз состојбата на корисниците. На почетокот на својата научна кариера - околу 1980 година - Дитон развива систем кој објаснува како побарувачката за одредена стока зависи од цените на сите стоки и од индивидуалните приходи. Овој приод и подоцнежните негови измени станаа стандарден инструмент не само во академските средини, но и при проценките на реално применети политики.

- Каков дел од приходите на општеството се троши и каква се заштедува? Во серија публикации од 1990 година Дитон објаснува како тогаш постојната теорија за потрошувачката не може да ја објасни интеракцијата помеѓу приходите и потрошувачката. Според него научниците треба да гледаат како секој поединец ја прилагодува потрошувачката во однос на сопствениот приход.

- Како најдобро да се мери благосостојбата и сиромаштијата? Во неодамнешните истражувања Дитон нагласува како користењето на веродостојни индикатори за потрошувачката на едно домаќинство може да помогне за разликувањето на механизмите зад економскиот развој. Тој открива важни стапици во споредување на степенот на сиромаштијата. Дитон опишува исто и кои вешти употреби на податоците за домаќинствата може да фрлат светлина врз прашањата како врската помеѓу приходите и внесот на калории, како степенот на половата дискриминација во едно семејство.

Премијата во областа на економските науки, позната уште како Нобеловата награда за економија, во реалноста е основана во 1968 година од националната банка на Шведска (Sveriges Riksbank) и се доделува од Кралската академија согласно принципите за разликување од 1901 година на достигнувањата во други области, како што оставил Алфред Нобел.

Во целата речиси 50-годишна историја на наградата таа е доделена само еднаш на жена - во 2009 година ја доби Елинор Остром, американски политиколог и економист. Најстариот носител на наградата е Леонид Хурвич. Тој бил 90 години, кога ја добива наградата во 2007. Најмладиот е Кенет Ј. Ароу, кој бил 51 година, кога му ја доделуваат наградата во 1972 година . Просечната возраст на лауреатите е 67 години, а повеќето од нив биле наградени заради истражување во областа на макроекономијата.

Едно од спорните прашања во последно време е за што точно се разликуваат економистите - за конкретно истражување или за животно дело.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа