18 Мај, 2024
0.0284

НЛБ Банка ја подобри пазарната позиција! Колкава добивка оствари лани?

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Една од трите системски банки лани ги зголеми кредитните пласмани за 6 отсто, а вложувањата во хартии од вредност поточно во државни обврзници лани се зголемени за 50 отсто во споредба со претходната година. Добивката на НЛБ Банка лани е 27,7 милиони евра

НЛБ Банка лани ја зголеми својата пазарна позиција затоа што го зголеми кредитното портфолио за 53,4 милиони евра, оствари исто ниво на нето приходи од камати, ги зголеми нето приходите од провизии и надоместоци и оствари добивка од 27,7 милиони евра. Со овие резултати во услови на перманентни и бројни ограничувања во националната и во глобалната економија предизвикани од „корона“ пандемијата НЛБ Банка оствари солиден резултат.

Нето приходите од камати лани се речиси на исто ниво со 2019 година и изнесуваат 47,4 милиони евра. Вкупните приходи од камати надминуваат 54 милиони евра, а расходите за камати се 6,8 милиони евра.
Втората по големина приходна ставка се провизиите и надоместоците. Од нив банката, на нето основа, инкасира 18,26 милиони евра и тоа е за 306.000 евра повеќе од 2019 година.

Од останати приходи лани банката остварила 4,5 милиони евра, а нето приходите од курсните разлики изнесуваат 3,9 милиони евра. И кај двете приходни ставки резултатите се подобри во споредба со 2019 година.

Резервациите, очекувано, се зголемени во однос на претходната година. На крај на 2020 година нивната вредност во билансот е 10,94 милиони евра и тоа е за 4 милиони евра повеќе од претходната година.

Добивката по оданочување лани изнесува 27,7 милиони евра и тоа е за 2,4 милиони евра помалку од 2019 година. Добивката по акција изнесува 32,4 евра.

Од билансот на состојба значајно да се истакне е тоа што НЛБ Банка лани ја подобрила својата пазарна позиција и тоа е изразено преку нивото на кредитирање. На крај на 2020 година кредитното портфолио (со исклучок на аранжмани со банки) изнесува 943 милиони евра и тоа е за 53,4 милиони евра повеќе од претходната 2019 година. Тоа е за 6 отсто повеќе и тоа во услови на пандемија од COVID 19. Менаџментот на банката во дадените економски ограничувања од пандемијата го зголемил кредитното порфолио, но вложувал и во државни хартии од вредност. Вложувањата во обврзници т.е. во хартии од вредност изнесуваат 266,1 милиони евра и лани се зголемени за 88,7 милиони евра. Во споредба со претходната година растот на вложувања во државните обврзници и записи изнесува 50 отсто и тенденцијата на овие пласмани кај НЛБ Банка е слична како и кај „Комерцијална банка“.

 Депозитите на крај на 2020 година се 1,29 милијарди евра и во споредба со 2019 година се зголемени за 115,4 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра