Нина Ангеловска се заблагодари на Halkbank за гестот на солидарност
Објавено во: Економија, Корона Вирус 20 Март, 2020
Mинистерката за економија, Нина Ангеловска се заблагодари на Halkbank и на три конфекции за покажаната солидарност.
„Нови компании покажуваат гест на солидарност што е за голем поздрав. Halkbank AD Skopje денес авансно го уплатија данокот на добивка во висина од 71.8 милиони денари. Благодарост и за прилепските конфекции „Гифти текс“, „Кули“ и „Фешн линк'', кои почнаа со шиење на заштитни маски, што бесплатно ќе се дистрибуираат до граѓаните, со цел заштита од коронавирусот'“, пишува Ангеловска.