07 Мај, 2024
0.1052

Николоски остана должен за фотографијата со Кичеец

Објавено во: Македонија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во Изборната единица 4 за парламентарните избори на 12 април, остана должен кон јавноста за тоа под какви околности се фотографирал со Зоран Милевски - Кичеец, осуден како учесник во аферата „Рекет“.

„Зоран Заев е сериозно уплашен па потрча помош да бара од фабриката за креирање лажни вести. Свесен сум дека следниве месец дена ќе бидам мета на најцрната кампања видена до сега, што би рекол Оливер Спасовски. Дечки од Бихачка, ајде потурдете се, можете подобро за тоа што ве плаќаат.
Зоран Заев ќе те победам на 12ти април! Вице го прикажаа на снимки со обвинети во „Рекет", a богами и тебе. Како беше она - Кој си ја ишка мувата од капата?“, гласеше коментарот на Николоски по објавувањето на фотографијата, префрлувајќи ја вината кај власта.

Фотографијата инаку вчера ја сподели Коста Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, откако стана јасно дека Ника носители на олоски ќе му биде ривалот на Зоран Заев како двајца носители на кандидатските листи во ИЕ4.

„Ова е Александар Николовски, верен слуга на Никола Груевски и извршителот Мицкоски. Човекот е носител во изборна единица 4, ќе се бори против Зоран Заев. Со такви кадри со таква понуда на чекор назад, враќање на режимското минато, едно е сигурно. Ќе бидете поразени од граѓаните. Граѓаните ќе изберат европска иднина и перспектива која гарантира стабилна економија, правна држава и владеење на правото. На 12ти април победува СДСМ, победуваат граѓаните“, објави Костадинов.


Можеби ќе ве интересира

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена