02 Мај, 2024
0.0340

Николиќ: Бевме на работ на војна на Србија со Косово

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Бевме на работ на избувнување на војна. Албанците сакаат војна ", вели српскиот претседател Томислав Николиќ по состанокот на Советот за национална безбедност по повод инцидентот со српскиот воз кој тргна вчера од Белград за Косово.

Според Николиќ „секој нареден обид на косовските институции во Приштина да предизвикаат судир ќе заврши многу лошо".

„По ова прашање ајде да се замислат како самите Албанци, така и нивните спонзори“ - вели Николиќ. 

Слични пораки испрати и српскиот премиер, Александар Вучиќ. 

„Вечерва ќе ја информирам Русија, утре Кина и САД, ќе ги информирам дека Приштина си игра на војна. Ова е последната молба да престанат. До оние кои мислат дека се силни, ве молам да не убиете Срби, бидејќи ќе бидеме принудени да ги заштитиме“- предупреди Вучиќ.

Вели дека е разочаран од реакцијата на ЕУ за овие настани. 

Тоа се случи откако Вучиќ информира дека одлучил да се врати возот за косовскиот град Митровица назад, за да ги заштити патниците и да не дојде до посериозни судири. Според него, Албанците се обиделе да ја минираат железничката пруга, а нивните специјалци подготвувале задржување на патниците и возачот и дека сето тоа се случило без дозвола на НАТО во Косово.

Возот, кој вчера наутро појде од Белград се врати назад во српската престолнина. 

Неговото патување траеше над 19 часа. Композицијата тргна во 8:30 часот по локално време вчера, но во 16:30 часот беше запрена во Рашка, последната станица пред влез во Косово. 

Доцна синоќа на вонредна прес-конференција во Белград, Вучиќ ги предупреди косовските Албанци дека неговата земја нема да им дозволи да ги напаѓаат Србите во Косово.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“