09 Мај, 2024
0.0281

НИКОЛА ГРУЕВСКИ: Воопшто не сум го познавал сопственикот на фирмата Еко клуб

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Екс премиерот Никола Груевски кој сега е политички азилант во Будимпешта, на Фејсбук демантираше поврзаност со компанијата Еко клуб, за која градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вчера презентираше видеоснимки и фотографии како несоодветно го третира медицинскиот отпад пред да го депонира на депонијата „Дрисла“. 

Груевски негира дека го познава сопственикот  Сашо Јанакиевски, унгарскиот почесен конзул од Битола.

Предмалку СДСМ ја имаше една од најсмешните пресконференции на сите времиња.

„Најпрвин да демантирам дека сопственикот на фирмата Еко клуб бил мој, како што кажа портпаролот на СДСМ ,,многу близок соработник”. Напротив, не само што не бил мој било каков соработник, туку воопшто не сум го познавал ова лице, ниту пак знаев дека постои човек со такво име и презиме и со таква фирма. Сепак, најсмешниот дел во целата ситуација е што СДСМ изгубени во времето и просторот, мене и ВМРО-ДПМНЕ не прогласуваат за виновни за нешто што ним како власт им се случило откако се три години на власт. Нешто што не се случило во минатото а се случило сега. Не знам кој им ја осмислува стратегијата за комуникации со јавноста, но не исклучувам дека ваквата ,,мудра досетка” им паднала на памет на двоецот портпароли поранешниот Шилегов и сегашниот Костадинов. СДСМ е школски пример на партија која во однос на обврските кон гласачите го ,,преспала” мандатот, посветувајки се само на рекетирање, криминал, корупција, притисок врз судството и медиумите, и промена на името, историјата и идентитетот, па непосредно пред изборите збунето и нагло се буди и онака ,,зашеметени” набрзина измислуваат теми и наводни виновници, за да се прикажат себе во поинакво светло, спротивно од реалното“, пишува тој. 

Деновиве се појави скандал поради депонирањето на медицинскиот отпад. 

Можеби ќе ве интересира

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

Одреден терминот за инаугурација на Силјановска Давкова

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

НЕВРЕМЕ И ОБИЛЕН ДОЖД СО ГРМОТЕВИЦИ ВО ПОПЛЕДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: метео предупредување, бидете внимателни

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“

Боки 13: Отворен е предметот „Бумеранг“

АНАЛИЗА: КАКО СЕ СОЗДАДЕ РАЗЛИКА ОД БЕЗМАЛКУ 280 ИЛЈАДИ ГЛАСА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ - кои партии најмногу загубија од изборните математики

АНАЛИЗА: КАКО СЕ СОЗДАДЕ РАЗЛИКА ОД БЕЗМАЛКУ 280 ИЛЈАДИ ГЛАСА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ - кои партии најмногу загубија од изборните математики

„Откако народот избра друг да го краде, на политички план ќе биде исто“: Савески со остри критики кон двете поголеми политички партии

„Откако народот избра друг да го краде, на политички план ќе биде исто“: Савески со остри критики кон двете поголеми политички партии