Никој не видел, ни чул како Груевски поминал граници и стигнал до Унгарија
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2019
Македонските обвинители, кои го истражуваат бегството на екс премиерот Груевски кој успеа да избега од државата пред да биде приведен на отслужување двегодишна затворска казна поради корупција, објавија дека не пронашле докзи дека имал помош од било кој претставник.
Скопското Обвинителство соопшти дека се анализирани 60 телефонски броеви за кои се сомневаат дека со нив комуницирал екс премерот во азил Никола Груевски. Се додава дека се испрашувани и 56 лица, меѓу кои и 28 полицајци, шест телохранители, и пет службеници на МВР. Се плашел од ликвидација Груевски по бегството се појавил во унагрската амбасада во Тиран, каде побарал политички азил. Во првото интервју по бегството тој минатиот викенд рече дека избегал бидејќи „доверливи луѓе“ му кажале дека ќе биде ликвидиран во затвор. Тој исто така кажа дека многу лесно и едноставно ја поминал границата со Албанија, дека во тој момент полициски скужбеници не го надгледувале постојано и дека можел да си замине кога и да сака. Македонија издаде меѓународна потерница и до унгарските власти поднесе барање за испорачување на Груесвки. Министерот Спасовски пак вели дека кривична одговорност за помагачите на Груевски ќе има бидејќи на крајот ќе се дознае кој и како му помогнал. Тој верува дека процесот ќе заврши а потврди и дека има сомневања за повеќе лица. -МВР соработува со ОЈО, кое и во соопштението посочи на сомневање во повеќе лица, но за сега не може да се објави нивниот идентитет, ќе се чека исходот на процесот.