06 Декември, 2025
0.0366

Никој не го купи милионскиот пакет акции на Реплек, борбата продолжува на седницата утре

Објавено во: Економија 21 Април, 2021 14:54

Добивај вести на Viber

Никој не ги купи акциите на Реплек во пакетот кој се нудеше на јавната берзанска аукција денеска. Продавачот понуди 1.783 акции кои се практично 6,88 отсто од основната главнина на друштвото и тоа по цена од 135.000 денари за акција. Сепак никој не покажал интерес за овој пакет во фазата на индикација од аукцијата која трае пет минути. 

Фактор веќе објави дека експерти, дел од од нив инволвирани во процесот, тврдат дека цената во пакетот беше превисока. 

Претходно секако имаше голем интерес за тргување со акцијата на Реплек, а сите турбуленции почнаа по 8 април кога мнозинството акционери не ги изгласа предлог одлуките за одобрување на работата на Управниот и на Надзорниот одбор. Од тогаш цената на акцијата порасна за речиси 15 проценти. Завчера, на берзата се продадоа дури 211 акции по просечна цена од 113.839 денари за акција. Дополнително во блок транскација вредна 17,4 милиони денари или околу 283.000 евра се продадоа уште 153 акции по цена од 113.839 денари по акција.

Моментно, а тоа не се промени и во текот на турбуленциите по 8 април, во Реплек, Иван Туџаров поседува 11,2 отсто обични акции, друштвото за трговија и услуги Ситко Антонио Доел има 6,1 отсто, Сава Пензиски фонд има 6,4 проценти. Владимир Пецоски поседува 5,79 од акциите, Душан Пецоски 11,92 проценти, а Славица Туџарова 11,57 отсто. 

Инаку за утре пак е закажано продолжението на редовното годишно собрание на кое веќе е извесно повторно ќе се гласа за потврдување на работата на Управниот и на Надзорниот одбор.

Во петокот Иван Туџаров генералниот директор на Реплек и Даница Зимбакова како акционери кои имаат над пет отсто сопственост во друштвото доставија до берза информација со предлог нови членови на Надзорниот одбор на компанијата.

A.T.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?