14 Мај, 2024
0.0239

NIKE и NBA ги претставуваат дресовите за новата сезона 2017/2018

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Врз основа на истражувањата кои траеа повеќе од 25 години на сите нивоа на кошарката, Nike со задоволство ги претставува NBA кошаркарските дресови за сезоната 2017/2018 и NBAxNIKE колекцијата.

Со повторното враќање на Nike во NBA, дизајнот на дресовите е подигнат на врвно ниво со користење на 3D технологија за мапирање телата на играчите. Истражувањата значително им помогнаа на дизајнерите на Nike да направат значителни промени во тежината и составните делови на дресовите со посветување на посебно внимание на зголемувањето на подвижноста.

Повратните информации од NBA играчите кои ги тестираа првичните верзии на дресовите, ги донесоа Nike чекор поблиску до унапредување на дизјанот на начин кој ја подобрува флексибилноста и удобноста, преку промени во дизајнот и структурата на материјалите на дресот. Најзначајните промени кај дресовите се направени во делот на рамениците каде што променетата структура им овозможува послободно движење. Покрај тоа дресот е изработен од рециклиран полиестер што ја покажува посветеноста на Nike за одржлив развој, а истовремено овозможува отстранување на влагата дури 30% побрзо од NBA униформите кои се користат во моментот.


Врвните NBA дресови не е сè што Nike имаат подготвено за Вас. Пасијата кон Вашиот тим можете да ја кренете на следно ниво со останатата понуда од NBAxNIKE колекцијата. Сите љубители можат да го одберат од специјално дизајнираните дуксери имаици за тренинг со Dri-FIT технологија во боите и симболите на омилениот тим. Дуксерите се изработени од ултра мек материјал кој Ве затоплува за време на тренинзите, како и на патот до и од спортската сала. Маиците со Dri-FIT технологијата ви озмозможува да останете суви додека тренирате и трчате, но и додека навивате за Вашиот омилен тим.


Новата NBAxNIKE колекција и новите дресовите на Cleavlend Cavaliers и Golden State Warriors можете да ги пронајдете во Sport Vision продавницата во Skopje City Mall и Sport Vision Online Shop.


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН