05 Мај, 2024
0.0564

Независна ревизија: „Скопски пазар“ е високо задолжен!

Објавено во: Економија 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Овој извештај на независната ревизија ќе се најде на гласање на претстојното акционерско собрание на „Скопски пазар“, фактите утврдени во него во голема мерка се на иста линија со предупредувањата на најголемиот акционер „Современ дом“ кој делува како опозиција на семејството Давитковски кое го контролира „Скопски пазар“. По ваков извештај, ќе го одобрат ли акционерите работењето на Управниот и на Надзорниот одбор?

Тековните обврски на „Скопски пазар“ на крајот на 2016 година се за 6,5 милиони евра (400,1 милиони денари) повисоки од тековните средства на компанијата и за овој факт независната ревизија на „Грант Тортон“ укажува дека постои материјална неизвесност која може да наметне значајно сомневање за способноста на друштвото да продолжи со нормално работење, во извештајот што ќе се најде пред акционерите на собранието закажано за 16 јуни годинава. Ова независната ревизија на „Грант Тортон“ го формулирала во пасус со наслов „Нагласување на прашање“ кој заради објективно информирање го пренесуваме во целост: 

„Без да изразиме резерва во нашето мислење, посочуваме внимание на Белешката 2.2 којашто укажува дека со состојба на 31 декември 2016 година тековните обврски на Друштвото, намалени за обврските по примени аванси од купувачи, ги надминуваат неговите тековни средства за износ од 400,119 илјади денари. Овие услови, заедно содругите прашања обелоденети во Белешката 2.2, укажуваат на постоење на материјална неизвесност којашто може да наметне значајно сомневање за способноста на Друштвото да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет. Раководството на Друштвото оценува дека претпоставката за континуитет применет при подготовката на овие финансиски извештаи е соодветна имајќи ги предвид ефектите од веќе превземените мерки и активности, како и очекуваните ефекти од планираните мерки и активности за поддршка на одржливоста и развојот на деловните активности на Друштвото.

Детални обелоденувања се направени во Белешката 2.2 кон придружните финансиски извештаи. Овие финансиски извештаи не содржат било какви корекции и рекласификации наевидентираните износи на средствата и обврските кои што би биле неопходни доколку Друштвото не би продолжило со своите деловни активности во неограничена иднина.“

Фамозната белешка 2.2: Неизвесна ли е иднината на „Скопски пазар“?

Во белешката 2.2. е констатирано дека друштвото има високо ниво на задолженост и во 2016 година се соочувало неможност за навремено подмирување на тековните обврски кон доверителите, а доцнела и исплатата на дивиденди на неговите акционери. Интегрално го пренесуваме текстот од белешката на извештајот на независната ревизија, кој е платен со пари на сите акционери т.е. на друштвото „Скопски пазар“:
Овие финансиски извештаи се подготвени врз основа на претпоставката за континуитет во деловното работење на Друштвото, односно дека Друштвото непречено ќе ги извршува своите деловни активности, реализира своите средства и подмирува доспеаните обврски во нормалниот тек на деловното работење и во рамките на договорените рокови. Финансиските извештаи не содржат било какви корекции и рекласификации кои што би биле неопходни доколку претпоставката за континуитет не би била валидна. Сепак, условите и настаните опишани во продолжение, може да наметнат значајно сомневање во способноста на Друштвото да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет.

Имено, со состојба на 31 декември 2016 година тековните обврски, намалени за обврските по примени аванси од купувачи, ги надминуваат тековните средства за износ од 400,119 илјади денари. Понатаму,  Друштвото има високо ниво на задолженост, изразено преку показателот објавен во Белешката 3.5 кон финансиските извештаи. Освен тоа, во текот на извршувањето на своите деловни активности во 2016 година, Друштвото повремено се соочуваше со неможност за навремено подмирување на своите тековни обврски кон доверителите, како и доцнење во исплатите на дивидендите на своите акционери. Раководството оценува дека примената на претпоставката за континуитет при подготовкатана овие финансиски извештаи е соодветна во дадените околности. 

Друштвото пред се има историја на профитабилно работење, посебно во сегментите недвижности и пазар, како и пристап до поволни финансиски ресурси. Следниве мерки и активности, утврдени од страна на Раководството, кои тековно се реализираат или се планираат да бидат реализирани во краткорочен период – во тек на 2017 и 2018 година, обезбедуваат соодветна основа за одржливоста и развојот на Друштвото: 

јакнење на ефикасноста и економичноста во деловното работење и намалување на тековните оперативни трошоци, репрограмирање на дел од обврските кон доверителите преку склучување на спогодби за одложено плаќање, во текот на октомври 2016 година Друштвото склучи Анекс кон Договорот за рамковен револвинг кредит-лимит со Комерцијална банка АД Скопје, со кој рамката за кредитирање е проширена на износ од 8.700.000 ЕУР и рок на отплата до крајот на 2021 година, реализација на стабилни приходи од издавање на деловен простор и недвижности со тенденција на подобрување на севкупните деловни резултати во овој сегмент, континуирана модернизација и проширување на постоечки објекти и опрема, стратегиско позиционирање и инвестиции во изградба на зелени пазари и деловни истанбени објекти на атрактивни локации во градот, како што се:реконструкција на Бит пазар и изградба на нов пазаришен и деловен простор, изградба на нов станбен и деловен простор во Тафталиџе, изградба на нов снабдувачки центар во Ново Лисиче, кој опфаќа пазаришен простор како и објект со маркет од брендот СП Маркет. 

Планираните инвестициони активности изнесуваат 4.9 милиони евра, а ќе се реализираат во текот на 2017 и 2018 година. Најголем дел од средствата за реализација на планираните инвестициски активности веќе се обезбедуваат од авансните уплати на потенцијалните купувачи врз основа на склучените договори, а помал дел преку кредитна линија со поволни услови на финансирање.

Во точката 3.5 „Ризик при управување со капитал“ е прикажан сооднос на нето позајмиците и капиталот на друштвото на 31 декември 2016 година. Нето позајмиците изнесуваат 570,4 милиони денари, а капиталот е 637,36 милиони денари.

Целиот извештај на „Грант Тортон“ е објавен на интернет страницата на „Скопски пазар“ во делот за акционерски собранија.

Без да коментираме, почитувани читатели ќе ве потсетиме на текст што „Фактор“ го објави, а е во корелација иако не директна со извештајот на независната ревизија за 2016 година. Текстот може да го превземете на следниот линк Што утврди вонредната ревизија на „Дилојт“ во „Скопски пазар“?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?