02 Мај, 2024
0.0252

НЕВИДЕН УДАР ВРЗ ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ: Оние со убави очи ќе мора да носат вел преку цело лице

Објавено во: Свет 22 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Саудиска Арабија е позната по своите ригорозни закони кои се однесуваат на женските права, а во моментов се разгледува уште еден таков пропис. Имено, законодавците во оваа земја се сетиле како да излезат на крај со жените  со убави и привлечни очи. Тие во иднина ќе мора да носат вел кој ќе им ја прекрива целата глава, а не како до сега кога им беше дозволено да имаат откриени очи. Портпаролот на Одборот за промоција на доблестите и превенција на пороците, шеикот Мотлаб ал Набет, изјавил дека тие имаат право да ги натераат жените да ги покријат своите лица во целост. „Членовите на одборот ќе ги принудат жените да си ги покријат своите очи, особено оние кои имаат привлечни. Имаме право тоа да го направиме“, вели ал Набет. На тоа веднаш во јавноста започна да се поставува прашањето како ќе се одредува кои очи се „привлечни“. Новинар од Саудиска Арабија смета дека тоа ќе се однесува на убаво обликувани и нашминкани очи. „Но жените ќе бидат во неволја и ако нивните очи не се нашминкани, а сепак се убави“, прокоментирал новинарот. Принцот Назиф, за кој се сметало дека ќе ја запре драконската репресија врз жените откако ќе го наследи нетолерантниот татко, кралот Абдула, сепак ја поддржа ваквата измена. „Сите страни го поддржаа Одборот и тој треба да се поддржи затоа што е столб на исламот. Ако сте муслиман, морате да го поддржите одборот“, порачал принцот Назиф.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа