02 Мај, 2024
0.0294

Неверојатниот живот на Иван Шпигел - Кој е најмладиот милијардер во светот?

Објавено во: Финансии 07 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Иван Шпигел е творец на омилената апликација  на тинејџерите Snapchat.

На 26 години, тој е најмладиот милијардер во светот кој сам го заработил статусот, а не го наследил. Има одличен живот и го знае тоа.

„Јас сум млад, бел, образован човек. И имам огромна среќа“, рече неодамна Шпигел на бизнис конференција.

Иван израснал во Пасифик Палисеидс, населба во близина на Малибу. Родителите му се познати адвокати, но се развеле, кога тој бил во средно училиште. Семејството било многу богато и уште како ученик Иван има луксузни автомобили и сè што посакал. Тој посетувал реномирано приватно училиште, чии воспитаници се уште актерите Џек Блек, Кејт Хадсон, Џон Хил, Гвинет Палтроу, како и креаторот на апликацијата за средби Tinder Шон Рад.

По гимназијата, Иван е примен на универзитетот „Стенфорд“, каде што студирал дизајн на производи. Токму таму се запознава со ко-основачите на Snapchat Реджи Браун и Боби Марфи. „Не бевме воопшто кул. Затоа се обидовме да создадеме нешто кул“, вели години подоцна Марфи за Forbes.

Шпигел си бил доста по забавите во колеџот, иако често посетувал и доста сериозни курсеви за претприемништво. Го напушта „Стенфорд“ малку пред да заврши, за да се посвети целосно на идејата за Snapchat. Заедно со партнерите уживаат во централната куќата на неговиот татко. Всушност Шпигел останува таму неколку години и се иселува дури во ноември 2014 кога си купува куќа за 3 милиони долари во Брентуд.

Апликацијата брзо станува огромен хит и им носи милиони на создавачите. Во 2013 Facebook упатува понуда за купување на Snapchat - 3 милијарди долари. Шпигел сепак го одбива Цукенберг што му носи статус на херој во Силиконската долина.

Опколен од луксус, Иван сака да се подновува.

Во 2015 година го купува последниот модел на Ferari. Обожавател е на модата и дури бил на насловната на италијанскиот Vogue. Страствен обожавател на хеликоптерите и дури е лиценциран пилот.

Иван  Шпигел е окарактеризиран од многумина како визионер и гениј, кој знае што сакаат младите. Во 2017 година планира Snapchat да стане јавна компанија, која најверојатно ќе сго е зголеми богатството на нејзиниот креатор со милиони. Едно е сигурно - Шпигел нема намера да слегува од претприемничка сцена наскоро.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци