НЕСРЕЌА: Автомобил паднал во провалија
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2020
Автомобил паднал во провалија, по што пожарникари со јажиња го извлекувале возачот.
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила попладнево во струмичко.
-Денеска, (сабота) 12.09.2020 година во 17.57 часот покрај патот Струмица-Цареви Кули во близина на месноста викана Двата пата, ТППЕ Струмица со 1 ПП техничко возило и 5 пожарникари интервенираше на спасување на возач од автомобил кој беше излетан во провалија, објави локалниот портал Струмица денес.
Од порталот информираат дека возачот e извлекуван со алпинистички јажиња и носила и бил предаден на екипа на Брзата помош.