26 Април, 2024
0.0297

Несекојдневен спој на њујоршкиот шик и иновативната технологија

Новото Galaxy Z Flip Thom Browne издание за оние кои што не се плашат да експериментираат

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Водечките медиуми, инфлуенсери и познатите личности пред некоја вечер имаа прилика да присуствуваат на ексклузивен, приватен настан во склоп на Модната недела во Њујорк, во организација на компанијата Samsung и врвниот моден бренд Thom Browne. Причината за овој собир, во можеби необичниот спој на технологијата и високата мода, беше претставувањето на новото издание на Galaxy Z Flip свитливиот телефон, во бои карактеристични за познатиот њујоршки дизајнер.

Том Браун во светот е познат како дизајнер кој што ја промени и осовремени униформата на денешницата – машкото одело. Преиспитувајќи ги традиционалните пропорции, Брауновиот дизајн доследно ја пренесува вистинскиот американски сензибилитет, вкоренет во квалитетна изработка и прецизни кроеви. Неговиот заштитен знак се концептуалните ревии, кои што привлекуваат внимание насекаде низ светот, поради провокативните и драматични теми и поставки, а најновата соработка со Samsung не е ништо поразлична.

Со цел прославување на почетокот на оваа несекојдневна соработка, гостите присуствуваа и уживаа во live перформансот, по кој што можеа и самите да ја пробаат оваа модна икона помеѓу телефоните за сезоната 2020/2021. По пример на уредот, во која што чест е и организиран, настанот беше совршена комбинација од висока мода и технолошки иновации, претставувајќи вонвременски стил и врвна креативност на двата брендови.

Galaxy Z Flip Thom Browne Изданието е создадено за оние кои што не се плашат да бидат поразлични – како и за оние кои што сакаат технологијата која што ја користат да остава ист впечаток како и нивната гардероба. Во центар на вниманието се линии во бела, црвена и тегет боја, препознатливи за брендот Thom Browne, на модерна основа со боја на песок. Целиот квалитет и иновативните функции на Galaxy Z Flip се присутни и понатаму, а уредот доаѓа во пакување со специјално дизајнираните Galaxy Buds+ слушалките и паметниот часовник Galaxy Watch Active2.

Ограничените количини на Galaxy Z Flip Thom Browne Edition телефоните ќе бидат достапни за нарачување на одбрани пазари, почнувајќи од 14 февруари, на сајтовите Samsung.com и Thombrowne.com, како и на NET-A-PORTER и MR PORTER, додека официјалната продажба ќе започне во март.

За повеќе информации, посетете ги www.thombrowne.com, news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip/.

За Том Браун

Браун го започна својот бизнис во 2001 година - со пет одела, во мало студио „по нарачка“ во њујоршката населба West Village. Во текот на наредните години, го ширеше своето внимание, креирајќи ready-to-wear и колекција за аксесоари, како за мажи (2003), така и за жени (2011). Неговиот бренд е моментално достапен во повеќе од 300 водечки трговски центри и специјализирани бутици ширум 40 земји, како и во 31 официјална flagship продавница во Њујорк, Лондон, Милано, Токио, Хонг Конг, Пекинг, Шангај и Сеул. За повеќе информации, посетете ја www.thombrowne.com.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет