18 Мај, 2024
0.0310

Неопходен е нов модел на пријавување на сезонските работници

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) започна со реализација на серија тематски состаноци во рамки на новиот проект наречен „Деловен појадок“, чија главна цел е размена на мислења и идеиод кои ќе произлезат предлози за измени и дополнувања на законската регулатива во областите кои се од интерес на членките на ОРМ и воопшто на работодавачите во Република Македонија, а ќе овозможат подинамичен раст на бизнисот и домашната економија, отворање нови работни места и поголема социјална сигурност на сите граѓани.

На првиот состанок од овој проект, којшто се одржа денеска во Прилеп, членови на Организацијата на работодавачи на Македонија од компании од Пелагонскиот и Вардарскиот регион разговараа за тоа како може да се унапреди моделот на пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување со што ќе се зголеми социјалната сигурност на овие луѓеи ќе се елиминира плаќањето високи глоби за непријавените работници.

FOTO_ORM_1

„Нашите анализи покажуваат дека во Македонија расте потребата од ангажман на сезонски работници кај голем број компании од различни стопански гранки, како што се: земјоделството, угостителството и туризмот, прехрамбената, текстилната и другите преработувачки индустрии. Но, истовремено членките на ОРМ укажуваат на потребата од значително поедноставување на моделот на пријавување и плаќање на придонесите за работниците кои се ангажираат на определено време за извршување работи кои имаат сезонски карактер. Во таа насока, ОРМ преку процес на консултации со работодавачите, ќе предложи нов модел за ангажман на сезонски работници, преку т.н. систем на дневни купони (ваучери) за плаќање на придонесите, со што веруваме дека ќе се постигне поефикасна примена на законските одредби за пријавување на овие работници“, објаснува претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

На состанокот, покрај мислења и коментарите од членовите на ОРМ, беше разгледано и искуството на Хрватска во областа на пријавување на сезонските работници. По завршување на консултациите со работодавачите, ОРМ ќе предложи конкретни измени и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Релизацијата на оваа серија состаноци е дел од поддршката што ја добива Организацијата на работодавачи на Македонија во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ кој е финансиран од Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

 

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа