18 Мај, 2024
0.0254

Немаме хеликоптери и чамци, но затоа имаме европски возен парк!

Објавено во: Балкан 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Катастрофалната состојба со поплавите која ја зафати и Босна и Херцеговина, остави многумина без покрив над глава, а голем број луѓе предолго чекаа да им се пружи помош или да се евакуираат. Состојбата на теренот покажа дека оваа држава не располага со основни средства кои се неопходни за брзи интервенции како хеликоптери и чамци. „Но, затоа нашата држава има европски возен парк кој може да застане рамо до рамо со сите европски земји“, остро коментираат медиумите во БиХ. Првиот човек на Владата на Федерацијата БиХ, премиерот Нермин Никшиќ денеска е на терен, видно потресен од она што го гледа. Во местата кои денес ги посетува, вели, ништо добро - луѓето очајни, останаа без сето она што со години го создаваа. Познато е дека за околу 440 000 вработени во Федерацијата БиХ каде моментално просечната плата изнесува 850 КМ месечно издвојува 0,5 % а заштита од природни катастрофи. „Сега се поставува прашањето каде се тие средства и како се распоредуваат. Едноставната пресметка говори дека за вакви состојби мора да имаме неопходни средства“, пишува веб порталот херцеговина.инфо. „Ова не може да се реши со тие средства. Ова се големи штети. Мораме да обезбедиме уште средства. Очекуваме и понатаму компликации, бидејќи сигурно ќе има лизгања на земјиштето. Во овој момент наша основна цел е заштита на животите на луѓето. Ние ќе најдеме начин како да им помогнеме на луѓето. Средства ќе има толку колку што има во буџетот, но стравувам дека нема да биде доволно. Ова се непредвидени околности, мислам дека нема да може се да се санира“, рече Никшиќ за порталот Радиосарајево.ба. Никшиќ потсети дека за време на неговиот мандат оваа држава ја зафатиле неколку катастрофи од поплави до пожари и големи снежни врнежи. „А ние ве потсетуваме дека за потребите на Федералната управа на Цивилната заштита во 2011 година се купени 50 чамци“, додава порталот. Каде се тие чамци кога се неопходни на терен, порталот го запрашал командантот на Федералниот штаб за Цивилна заштита Јерка Ивановиќ Лилјановиќ. „Тие чамци се упатени во Маглај. Порано беа распоредени по кантоните, а вчера побаравме да ни овозможат помош. Така што оние кои Федералната управа ги имаше се упатени на располагање кон Маглај, а од кантонот пристигаат и други. Ние сме во контакт со Цивилната заштита и според нивни проценки праќаме помош“. Според нивните зборови Федералната управа засега има доволно средства за работа. А граѓаните и понатаму имаат прашање над глава - каде се насочуваат средствата кои се издвојуваат за посебни намени, во овој случај за заштита од природни несреќи, пишува Радио Сараево. Извор:херцеговина.инфо  

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?