05 Мај, 2024
0.0248

Нема веќе лажење, растителниот кашкавал не смее да се продава како да е млечен!

Објавено во: Агробизнис 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Од оваа година на рафтовите во маркетите производите од растителни масти нема да стојат на исто место со млечните производи. Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ваква одлука кон крајот на минатата година, кога беа казнети 8 млекарници, затоа што продавале павлака, сирење, урда и кашкавал кои всушност во себе не содржеле млеко туку растителни масти. Производите беа повлечени од продажба, а млекарниците заработија казни од по 5.000 евра, поради прекршување на Правилникот за млеко и млечни производи. Производите кои всушност не биле млечни ги продавале по пониски цени, со што предизвикале и забуна кај потрошувачите. Од Агенцијата уште тогаш  предупредија дека ниту една млекарница не смее да продава сирење, кашкавал, павлака и урда, како млечни производи, ако во себе не содржат млеко, бидејќи на тој начин ја загрозуваат работата на оние млекарници кои го почитуваат Правилникот за млеко и млечни производи. Во Правилникот јасно стои дека млечните производи се преработени производи добиени со преработка исклучиво на млеко или со понатамошна преработка од преработените млечни производи. Во текот на производството е дозволено да се додадат материи, кои е се неопходни за производот, но тие не треба да имаат улога на делумна или целосна замена на некоја млечна состојка. Некои земји од Европската унија, како Бугарија веќе одамна имаат донесено наредба со која сте млекарници па дури и рестораните морале да ги променат имињата на производите ако во себе наместо млеко содржат растителни масти.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?