Нема подобрување, во Србија има скоро 8.000 заразени
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 20 Октомври, 2021
Соседна Србија има скоро 8.000 заразени со коронавирусот.
За 24 часа вирусот е потврден кај 7.745 луѓе, а починале 58 пациенти. Тестирани се 24.948 лица. На респиратор се приклучени 273 пациенти. Вкупниот број на хоспитализирани е 6.708 лица.
Од компликации на ковид почина 16-годишен ученик во Хемиско-технолошкото училиште во Крушевац.Премиерката Ана Брнабиќ потврди дека од сабота, 23 октомври во Србија се воведуваат ковид-пропусници.