НЕМА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Србите најaвија штрајк со глад
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Септември, 2020 12:35
Србите се револтирани затоа што ова лето нема да можат да патуваат во Грција.
Има најава за протести и штрајк со глад.
Оваа сезона ќе помине без одмор на грчките плажи. Грција ќе остане затворена за српските граѓани и по 15 септември.
Оваа вест поттикна гнев кај туристите и сопствениците на агенциите.
Неполн час по објавувањето на неофицијалните информации дека границите остануваат затворени, сопствениците на туристички агенции и туристи кои ги купиле аранжманите, за медиумите изјавија дека планираат да ја блокираат грчката амбасада во Белград.
Тие планираат да започнат штрајк со глад се додека не се промени одлуката и не им се дозволи влез на граѓаните на оваа земја, објави „Новости“.
Грција одлучила да ја продолжи забраната за влез на српските граѓани по 15 месецов.
По објавата, директорот на туристичкото здружение Јута, Александар Сеничиќ, за РТС изјави дека таквата одлука е очекувана затоа што епидемиолошката состојба во Грција е лоша.
Околу 100 милиони евра на српски граѓани се „заробени“ преку туристичките агенции во Грција и други дестинации, меѓу кои Шпанија и Италија.
Епидемиолошката состојба не е сјајна ниту во Србија.
И македонските граѓани испуштија одмор во Грција поради коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




