Нема нови рестрикции, но од Комисијата за заразни болести имаат важна порака за граѓаните
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Август, 2022 14:36
Засега нема нови анти ковид мерки. Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор, соопштија од Комисијата за заразни болести откако денеска ја разгледаа епидемиолошката состојба.
Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5 oтсто), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7 отсто) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0).
„Во овие услови, Комисијата не препорачува воведување на нови рестриктивни мерки и апелира до граѓаните на совесно однесување и почитување на мерките кои се на сила, т.е. задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во згрижувачките установи. Од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски. Останува силната препорака/апел за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на гужви и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19“, велат од Комисијата за заразни болести.
Инаку, Светската здравствена организација (СЗО) повика на поголеми инвестиции во развојот на нови вакцини кои ќе одговараат за варијантите на коронавирус кои брзо се развиваат.
foto freepik.com/photohobo
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




