Нема назад за Велика Британија, втор референдум не доаѓа во предвид
Објавено во: Свет 03 Март, 2018
Велика Британија ќе мора да се соочи со последиците од референдумот за излез од Европската Унија и ќе мора да ги продолжи преговорите за формата и правната разврска за Брегзитот.
Британската премиерка Тереза Меј категорично ја отфрли можноста за втор референдум за Брегзит и рече дека неуспехот во спроведувањето на одлуката од последниот ќе и наштети на довербата на јавноста во политичарите.
Британија ќе ја напушти ЕУ како што е предвидено на 19 март 2019 година, рече Меј. Таа изјави дека огромно мнозинство од британските пратеници се согласуваат со неа. Меѓутоа, истражувањата на јавното мислење покажуваат дека јавната поддршка за Брегзит се намалува.