18 Мај, 2024
0.0318

НЕМА ЛЕБ ОД ЗЕМЈОДЕЛСТВО: Струмичките села се празнат, чаре се бара низ Европа

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Дека струмичките села се празнат и дека секоја година има сѐ помали површини под земјоделски култури, не е новост. Оваа појава зема замав во последните неколку години, а жителите од струмичките села заминуваат на работа во Италија, Германија, Швајцарија.

Некои од нив таму се сезонски, а оние кои ќе се снајдат, остануваат во странство заедно со семејствата. Луѓето се незадоволни од економската, но и од целокупната ситуација во државата години наназад.

„Селата се празни, во некои од нив нема деца во школите, и тоа е резултат на економската ситуација наназад десет години. Земјоделецот треба да произведе, а не знае дали тој производ ќе има каде да го пласира и по која цена, иако тој производ има цена на производство. Оваа година одлична беше цената на пролетната и на есенската зелка, но за доматот, краставицата цената не е добра, но да видиме кога ќе имаме големи количини дали ќе има извоз, затоа што сега уште сме на почетокот“, вели Ристо Велков, од Сојуз на синдикати на земјоделци.

Друг жител од Струмичко кој заминал во странство, вели дека на земјоделство се оставени само оние млади земјоделци кои засега немаат избор, немаат подобра опција.

„Не само млади туку и постари заминуваат. Кој каде ќе најде работа, таму оди. Ќе видиме како ќе биде оваа година. Лани само зелка на отвоено одеше добро, сѐ друго пропадна. Се намалуваат површините, ама и цените се намалуваат. Сѐ помалку и помалку пазари имаме“, вели жител од Струмичко.

Maрјан Христов од селото Смоларе вели дека млади има сѐ помалку во неговото село, а оние кои не се заминати во странство, чекаат бугарски пасоши.  Раскажува дека во селото има околу 30 млади, а останатите се повозрасни луѓе.

„Пола од жителите на Смолари се иселени. Се иселуваат не затоа што тука нема работа, туку затоа што е малку платена. За некои е модерно да се оди во странство, таму си го знаеш редот, сѐ е на место, а тука државата не е како што треба да биде. Претежно бегаат млади, работливи луѓе, цели фамилии“, додава Христов.

Сите потврдуваат дека од земјоделската работа се живее тешко, а мора напорно да се работи. Струмичко отсекогаш е познато по производство на раноградинарски култури. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“