19 Мај, 2024
0.0279

Нема кој да ги наследи актуелните милијардери

Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Најголем ризик со светски милијардери е како да го пренесат своето богатство на следните генерации. Ова го сметаат водечките консултанти на ултра богатите инвеститори.

Светските милијардери имаат богатство на вкупна вредност од 6 трилиони долари, а 39% од овие пари се на лица на возраст над 70 години, според извештајот на UBS и PwC за милијардери, пишува Бизнис инсајдер.

2.4 милијарди долари ќе и бидат префрлени на следната генерација во следните 20 години, се предвидува во извештајот.

„Најголем ризик е наследството на овие пари“, вели Џозеф Стадлер, шеф на глобалната поделба на УБС за богатите.

Во минатото милијардерите го предадоа своето богатство на помладите генерации на своето семејство, но ова се менува, рекол тој. Често ова е во форма на наследување на семејниот бизнис.

Но помладите генерации се повеќе не го сакаат тоа и наместо да учествуваат во управувањето на постојните бизниси, бараат да инвестираат во други сектори и во добротворни проекти. Исто така, треба да се одлучи дали пренесувањето на бизнисот на аутсајдер со повеќе искуство и вештини би било подобро за самата фирма.

„Ризикот е да ги убедиме семејствата да го прават најдобро за компаниите, давајќи го упавувањето во раце на аутсајдерите“, вели Стадлер.

Друг проблем е комплицираниот даночен закон за наследување.

„Колку повеќе членови на семејството имате, толку е поголема ликвидноста што треба да ја генерирате за оние кои не се вклучени во бизнисот“, вели Стадлер. „Семејството може да има 600 луѓе ако бизнис империјата беше лансирана во 1800 година“ и „секој сака дел од оваа пита“.

Богатството на милијардери во светот се зголеми за 17 отсто во 2016 година на 6 трилиони долари, главно поради претприемништвото и силниот раст во Азија. Поголемиот дел од богатството е создадено, а не наследено.

Проблемот е и фактот дека светското богатство е концентрирано во рацете на неколкумина. Концентрацијата на богатството во моментов е висока како во почетокот на 20 век. Последната таква ера завршува со создавање на силен антимонополски закон кој ги крши монополите што ги држат неколку силни семејства.

Сега повторно сме во таков врв, а поентата е, дали ќе следи истото, тврди Стадлер.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат