Нема дивиденди за акционерите-нема бонус за банкарите
Објавено во: Економија, Свет 19 Август, 2016
Најголемата германска банка, Дојче Банка се наоѓа во средина на многу тежок период и се обидува да зајакне капитално.
Менаџментот на Дојче банка ни би требало да смета на бонуси оваа година ако акционерите на банката повторно не добијат дивиденда, изјави за таблоидот Билд директорот за посредување со населението Кристиан Севинг.
„Не е мое да одлучувам за тоа, туку на Надзорниот одбор. Но јасно е дека ако не исплатиме дивиденда на нашите акцонери, бонусите исто така би требало да бидат запрашани“, рекол Севинг..
Дојче банка лани не исплати дивиденда, а немаше ниту бонуси за менаџери.
Акционерите го поздравуваат ставот на Севинг.
„Фиксните плати на менаџерите во Дојче банка се поголеми од просекот“, вели Инго Спич, менаџер во Унион Инвестмент, кој е еден од акционерите.