Нема да се објавуваат закони додека Иванов не си замине
Објавено во: Македонија 26 Март, 2019
Талат Џафери, претседателот на Собранието, денеска изјави дека нема да се објавуваат закони во Службен весник се додека не си замине, односно не истече вториот мандат на шефот на државата Ѓорѓе Иванов.
На Иванов последниот работен ден му е 12 мај, а законодавниот дом најверојатно ќе работи и во април во текот додека трае кампањата за претседателските избори за повторно да ги изгласа реформските закони кои тој ги врати на повторно прегласување.
Оваа одлука најверојатно следува поради стравување дека Иванов нема да ги потпише и по второто гласање за да не го пишува во Слуќбен весник на претседател на Северна Македонија па ќе се чека тоа да го направи неговиот наследник.
- Ако за Законот за употреба на јазиците чекавме една година, може и за овие закони да почекаме да истече мандатот на Иванов, изјави Џафери.
Инаку серијата на нови закони се носат по препорака на Европската комисија пред одлуката за доделување на датум за преговори со ЕУ.