18 Мај, 2024
0.0267

Неколку совети од еден милијардер кој бил бездомник

Објавено во: Стил 29 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Кога Џон Пол ДеЏорија ги основал John Paul Mitchell Systems во 1980 година, тој за кратко бил без дом и спиел во стар Rolls Royce во Лос Анџелес . Сепак, ДеЏорија и ко-основачот на компанијата, Пол Мичел, успеваат да соберат некако 700 долари и почнуваат да го нудат својот шампон од врата на врата. Денес Пол Мичел е компанија со годишен приход во износ од 1 милијарда долари. За да докаже дека не е само среќа , ДеЏорија учествува во основањето на Patron Spirits во 1989 година како хоби, а потоа создава светски пазар за луксузна текила. Двете основни марки - Paul Mitchell и Patron , го направија ДеЏорија еден од најбогатите луѓе во САД, а неговата лична состојба се проценува на 4 милијарди долари. ДеЏорија , кој има значително искуство во однос на производите и маркетингот, за Forbes откри четири тајни за претприемачите кои сакаат да создадат бренд од светска класа, почнувајќи од нула. Еве ги и нив: 1 . Креирајте најдобар можен производ и знајте дека тоа е најдобриот производ . Верувај во себе и знајте дека нудиме одлична услуга и одличен производ кој ќе ви обезбеди повторни порачки. Вие никогаш не продавате - се обидувате да го пласирате во рацете на некого, без разлика дали станува збор за услуга или производ , знаејќи дека е толку добра / добар што ќе сакаат да го порачаат повторно или ќе раскажат на пријател. 2 . Придржувајте се до својата визија и бидете подготвени за одбивање. Ќе се судрите со одбивање многу пати . Бидете подготвени за тоа . Без разлика колку е лоша ситуацијата, не дозволувајте тоа да надвладее и да ви влијае - продолжете да одите кон она што сакате да го постигнете , независно од сè ... Треба да го поседувате истиот ентузијазам кога сте тропнале на вратата број 100 , како и кога сте тропнале на вратата број 1 . 3 . Барајте ги првите клиенти одново и одново. Откако еден клиент ќе каже "да" , веќе треба да вложите карактер.  Треба да обрнете внимание на првите клиенти - вистинско внимание , бидејќи е полесно да задржиш клиент , отколку да добиеш нов . Оние луѓе на кои одвојувате екстра внимание ќе бидат вашиот најдобар извор за препораки , бидејќи ним ќе им се допаднете и ќе кажат на некој друг. 4 . Вработи по еден работник кој ќе извршува различни должности - ова ја прави компанијата пофлексибилна, ефективна и исчистена . Ако ангажирате луѓе, ќе им доделите две или три различни обврски и ќе им плаќате малку повеќе. Ако работите се влошат , никогаш нема да има потреба да ги отпуштате.