15 Август, 2020
0.0415

Неколку екстра степени Целзиусови: Што би значеле за Македонија

Објавено во: Мои пари 26 Јуни, 2020

Кога зборуваме за ограничување на ефектите од климатската криза, зборуваме за тоа колку повеќе Целзиусови степени затоплување можеме да си дозволиме, односно да издржиме. Науката кажува дека не можеме да дозволиме планетата да се загрее повеќе од 1.5℃ и дека 2℃ би биле катастрофални. Може ли половина степен да направи толку голема разлика? Како ќе изгледа Македонија при затоплување од 1.5℃, 2.5℃ односно 5℃?

Зошто 1.5℃?

Во обидите за справување со климатската криза, глобалното затоплување треба да го ограничиме на 1.5℃, но прашањето е; 1.5℃ затоплување во однос на кое ниво, 1.5℃ потопло од кога? Во научни списанија, извештаи за политики и манифести на граѓански движења, затоплувањето од 1.5 степен Целзиусов значи затоплување од 1.5℃ во споредба со пред-индустриското ниво на температура што се однесува на пред индустриската револуција започната во 1700-тите во Велика Британија. Ова е моментот кога човечките активности (горење на фосилни горива - јаглен, гас и сл.) започнаа да ја загреваат планетата.

Во периодот помеѓу 1850 и 1900 година ние предизвикавме приближно 1 степен глобално затоплување и најверојатно ќе достигнеме 1.5 во периодот помеѓу 2030 и 2052 година со сегашната стапка на употреба на фосилните горива. Еден од главните заклучоци на Парискиот договор во 2015 год. беше дека владите се согласија да го задржат глобалното затоплување „далеку под 2℃ зголемување од пред-индустриското ниво“ и идеално, да се стремат кон ограничување на глобалното затоплување на 1.5℃.

Каква разлика прави половина степен?

Без сомнеж, глобалното затоплување од 1.5℃ е многу лоша вест. Дури и нашата сегашна состојба од 1 степен влијае на нас на различен начин во нашите сезонски обрасци на битисување, при безбедно производство на храна, спречување на ширење на болести и екстремни временски непогоди кои се одговорни за разорување на ранливите и домородните заедници низ целиот свет. Екстремните временски непогоди предизвикаа поплави во Кенија, како и инундација на цели острови во Пацификот, со оглед на тоа што зголемувањето на нивото на морето прави се’ повеќе места на планетата да бидат непогодни за одржување на човечки (и животински) заедници.

Зголемување на глобалното затоплување до 1.5℃ значи:

  Екстремни температури

  Зголемување на фреквенцијата, интензитетот и количината на обилни врнежи од дожд

  Зачестени и поинтензивни суши

  Екстремни топли денови и екстремни студени ноќи

  Повеќе тропски циклони

  Повеќе поплави

  Подигнување на нивото на морето

  Губење и истребување на видовите

  Инвазивни видови

  Повеќе шумски пожари

  Зголемување на температурите во океаните што доведува до губење на биолошката разновидност, корални гребени и тешкотии при риболов

  Опустошени земјоделски практики со што се доведува во прашање безбедноста на одгелување на храна

  Зголемување на сиромаштијата и ранливоста на веќе ранливите популации

  Повеќе смртни случаи поврзани со топлина

  Повеќе смртни случаи поврзани со озононското уништување

  Зголемување на бројот на заразни заболувања и нивно ширење

  … и многу повеќе

Во 2018 година Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) објави извештај во кој е опишано како ќе изгледа светот ако глобалното затоплување достигне 1.5℃ потопло од пред-индустриско ниво на температурите и колку ќе биде полошо ако е потопло за цели 2℃. Половина степен помалку затоплување може да значи:

  Помалку и побавен пораст на нивото на морето, давајќи повеќе време за адаптација на ниско-лежечките и малите острови

  Опстанување на половина од количината на инсекти, растенија и 'рбетници што би исчезнале при затоплување од 2℃

  Значително помалку топење на мразот во тундрата и крајбрежните шуми

  70-90% загуба на корален гребен на 1.5℃ наспроти практично 100% загуба на истиот при затоплување од 2 ℃

  Пад на риболовниот капацитет од 1.5 милиони тони при 1.5℃ наспроти двојно поголем пад при затоплување од 2℃.

  Неколку стотици милиони луѓе помалку изложени на климатските промени и зголемена сиромаштија до 2050 година

  50% помалку луѓе изложени на сериозен недостаток на водни ресурси ширум светот

Овие шокантни статистики суштински значат една работа; задржување на глобалното затоплување за половина степен помалку генерално значи половина од штетата ќе биде  помалку нанесена на животните системи.

Македонија: 3 различни иднини

Македонија се соочува со многу сериозни предизвици што се последица на промена на климата (погледнете ја нашата прва статија). Како што планетата се вжештува, Македонците ќе мораат да се справуваат со повеќе суши и шумски пожари, топлотни бранови, помала достапност и локално снабдување со слатки води (задолжително во домаќинствата низ целата земја), поплави, повеќе смртни случаи поврзани со затоплувањето, помала безбедност на храна, намален квалитет на воздух, па дури и појава на претходно непостоечи на овие простори инфекции и заболувања.

Во април 2020 година во Скопје беше презентирана онлајн серија извештаи во кои беа прикажани различни можни решенија за Македонија, врз основа на три сценарија со различно ниво на концентрација на стакленички гасови (како што е наведено во ИПЦЦ). За полесно разбирање ќе ги именуваме како ниско, средно и високо сценарио.

Ниското сценарио (или RCP2.6) значи дека емисијата на стакленички гасови ќе започне да опаѓа оваа година (2020) и да се спушти на нула до 2100 година. За Македонија ова би значело затоплување од 1℃ до 2050 година и 1.5 ℃ до 2100 година.

Средното сценарио (или RCP4.5) значи дека емисиите на стакленички гасови почнуваат да се намалуваат во 2045 година и до 2100 година ќе достигнат приближно половина од емисиите присутни во 2050 година. За Македонија ова би значело затоплување од 2℃ до 2050 година и 2.5℃ до 2100 година.

Високото сценарио (или RCP8.5) во суштина значи дека продолжуваме како и до сега, со тоа што емисиите на стакленички гасови продолжуваат да растат во текот на 21 век. Ова ќе доведе до затоплување од 2.5℃ до 2050 година и 5℃ до 2100 година во Македонија.

Резиме на климатските екстреми до 2100 година во Македонија.

До крајот на векот Македонија ќе се соочува со се’ потопла и посува клима. Ќе имаме подолги, потопли и посуви лета, намалување на врнежите на снег и појавата на мраз, зачестени и интензивни топлотни бранови, поплави и суши. Можеме да видиме и значително различни нивоа на сериозност на ситуацијата помеѓу ниското, средното и високото сценарио. Некои од овие промени ќе бидат почувствувани поизразено, во зависност од тоа во кој дел од земјата се наоѓате. Во други земји, разликите помеѓу овие сценарија се дури и поинтензивни од оние во Македонија.

Откако ќе ги разгледате овие бројки, станува јасно дека времето за акција е одамна поминато. Разликата помеѓу затоплување од 1.5℃, 2℃, 2.5℃ и 5℃ е премногу значајна и одржувањето на затоплување на 1.5℃ ќе спаси животи, работни места, екосистеми и целокупната благосостојба на планетата и системите кои поддржуваат живот овде.

Во текот на следните неколку месеци, Климатски Набљудувач / The Climate Herald ќе објавува редовни написи поврзани со климатската криза засновани на научни истражувања и разговори со специјалисти од овие области. Наша цел е да обелоденуваме како климатскиот колапс влијае на секој аспект од нашите животи, какви решенија ни се достапни и што треба да се смени за решавање на најголемиот проблем на денешнината.

Извори

  1. Special Report: Global Warming of 1.5 ºC
  2. What is a pre-industrial climate and why does it matter?
  3. North Macedonia: Climate Change Post
  4. Climate Extremes Projections for Macedonia up to 2100
  5. The Paris Agreement
  6. Climate change, food security and health in Kiribati: a narrative review of the literature
  7. Scenario Process for AR5

За Авторот:

Џеј Ди Фаруџиа

Џеј Ди работи како проектен менаџер и менаџер на кампањи во приватниот и во граѓанскиот сектор, како и во областа на уметноста и културата од 2010. Некои од овие улоги вклучуваат: управител на граѓанска организација фокусирана на одржлив риболов, креирање и координирање на програми за граѓанско општество и координација на програмата на локален театар. Џеј Ди има МSс во Менаџмент со животната средина и Планирање и завршено додипломски студии во Психологија на Универзитетот во Малта. Тој во моментот е вклучен во различни проекти поврзани со екологијата и животната средина, како и уметнички проекти во Малта, Северна Македонија и на европско ниво.

Превод и адаптација: Симона Гетова


Можеби ќе ве интересира

Биди дел од најголемата шопинг манија во градот: Биди дел од Garage Sale

Биди дел од најголемата шопинг манија во градот: Биди дел од Garage Sale

Онлајн промоција: „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

Онлајн промоција: „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

ЕВН Македонија ги насочува корисниците на алтернативни решенија за плаќање

ЕВН Македонија ги насочува корисниците на алтернативни решенија за плаќање

МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНОСТ: Mакедонската компанија SINGULAR-победник на гејминг наградите во Талин

МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ИНОВАТИВНОСТ: Mакедонската компанија SINGULAR-победник на гејминг наградите во Талин

Технологијата и квалитетот рака под рака: Лондон Мет и предизвиците на модерното образование

Технологијата и квалитетот рака под рака: Лондон Мет и предизвиците на модерното образование

Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Халкбанк со ваучери за спортска опрема од 5.000 и 3.000 денари за редовните корисници на апликацијата HalkEco

Донација од ЕуроникелИндустри за Општата болница во Кавадарци

Донација од ЕуроникелИндустри за Општата болница во Кавадарци

Книгата „ Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот во сите книжарници „Литература.мк“

Книгата „ Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот во сите книжарници „Литература.мк“

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком