Некој упорно дава дојави за бомби во хотел во Црна Гора
Објавено во: Балкан 18 Април, 2017
Гостите во хотелот „Рамада“ во црногорскиот главен град Подгорица немаат раат бидејќи полицијата досега ја примила вкупно шестата дојава за подметната бомба.
Поради безбедносните протоколи полицијата морала да го евакуира хотелот и да изврши темелна проверка дали навистина е подметната бомба. Ова е шеста интервенција на полицијата во рок од десетина дена.