27 Април, 2024
0.0263

Некогашниот центар на автомобилската индустрија, сега е најбедниот град во САД

Објавено во: Стил 22 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Насилства, криминал, висока стапка на невработеност, намалување на населението и финансиската криза го направија Детроит еден од најбедните градови во САД, пишува списанието Форбс. Годинава Детроит го надмина Мајами, кој лани беше прогласен за најсиромашен град во САД.Зад Детроит се Флинт, кој исто така се наоѓа во сојузната држава Мичиген, а потоа се доаѓаат Рокфорд и Чикаго во  Илиноис, и Модесто во Калифорнија, според листата најлоши урбана област во САД во 2013 година. „Проблемите на Детроит не се ништо ново. Станува збор за четириесет години пропаѓање кое доаѓа заедно со американската автомобилска индустрија", пишува Форбс. Овој град кој важи за центар на автомобилската индустрија е на работ на банкрот.Стапката на насилен криминал во Детроит е највисока во земјата, според ФБИ. Форбс ги испитуваше 200-те најголеми урбани области во САД, а потоа состави листа на 20 најлошо рангирани спрема голем број на фактори, вклучувајќи ја стапката на криминал, запленувања, даноци, цена на кирии, времето поминато во превозни средства, временските услови и намалувањето на бројот на населението. Чикаго стигна до четвртото место, бидејќи на насилниот криминал, високата стапка на заплени и падот на цените на куќите, како и високите цени за живот. Њујорк се наоѓа на 10-ти место, исто така поради скапиот живот.Големото јаболко има една од највисоките стапки на данок на приход, како и за 36 минути подолго време од просекот за стигнување од дома до работното место. Ставањето на Чикаго и Њујорк на листата најбедни градови може да изненади, но од Форбс велат,тие нудат многу можности за работа и живот, култура, водечки универзитети, спортски екипи и луксузни ресторани. „Но, во ниту еден од нив не е лесно да се живее ако не заработувате многу пари, па дури и ако ги имате пак е тешко", пишува  Форбс.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти