02 Мај, 2024
0.0274

Некогаш во афери за трошење на европски пари сега добитници на пари од Фонд за иновации

Објавено во: Економија 23 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

И некогашниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Бошко Нелкоски, којшто своевремено беше обвинет за сомнителна распределба на европските пари е еден од добитниците на средства од Фондот за иновации. Фирмата Нелкоски органик фуд ДООЕЛ ќе прави путер од органски лешник за 9.453.160 денари (153.710 евра) од кои 6.617.212 денари (107.596 евра) се кофинансирање од Фондот, а сопствено финансирање 2.835.948 денари или 46.113 евра. Значи Нелкоски во својот проект ќе вложи само една третина од вкупната сума. Директорот на Фондот Јован Деспотовски за Фактор вели дека сопственичката структура на апликантите не е дел од критериумите за оценување. Денеска Основното јавно обвинителство соопшти дека отвора истрага по допрен глас за евентуални злоупотреби при доделувањето на парите.

Името на Бошко Нелкоски во 2010 година според пишувањето на весникот Нова Македонија беше поврзано со сомнителна распределба на европските пари наменети за образовни програми. Тој како директор на Агенцијата, наводно доделил европски пари за проект на невладина организација од Струга, со која претходно и самиот раководел. Европската комисија реагираше со истрага за тоа дали Нелкоски незаконски им делел европски пари на „роднински“ и „пријателски“ организации и направи суспензија на децентрализираните средства кои ги доделува Националната агенција во рок од две години.

Работата се смири со тоа што Нелкоски си поднесе оставка и ги негираше тврдењата во медиумите.

Деспотовски вели дека не истражувале дали се даваат пари на сегашни или функционери на поранешна власт.

„Фондот за иновации и технолошки развој нема ниту право и ниту обврска да истражува кои се сопствениците и дали истите се сегашни или функционери на поранешна власт. Наша обврска е да работиме согласно законите и правилниците, каде се прецизно уредени сите критериуми и постапка за аплицирање. Ова, како и имињата на компаниите за кои има одлука за финансирање се транспарентно објавени на нашата веб-страница, на увид на целата јавност, пред да се потпишат договорите со компаниите.За моралниот апсект на аплицирањето за финансиска поддршка од државата, како и во изминатите денови, коментар и одлука носат самите апликанти, вели Деспотовски.

Додава дека пред потпишување на договорите со компаниите од страна на Фондот се бара тие да достават дополнителна документација меѓу која и Потврда дека со правосилна пресуда не е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење професија, дејност или должност за управителот на компанијата, што е еден од предусловите за склучување на договор. Вели дека доколку ова не се обезбеди од страна на било која компанија, тогаш договор нема да се склучи, ниту ќе се исплати еден денар финансиски средства од државата.

Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности