29 Април, 2024
0.0239

Некогаш биле бездомници, денес се богати и славни!

Објавено во: Стил 02 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

За да стигнат до богатството и славата, некои познати личности навистина морале да поминат низ многу тешкотии. Дел од најголемите ѕвезди денес, не само дека тие биле сиромашни, но немале ни покрив над глава. Овие лица, кои почнале од нула, но успеале да ги исполнат своите соништа, станаа неисцрпен извор на инспирација за сите кои се во слична позиција. Порталот „Бизнис Инсајдер“ наведува 15 такви инспиративни приказни на познати личности кои во одредени моменти од животот останале буквално на улица и едвај крпеле крај со крај. Еве ја листата: 1. Хали Бери Една од најпознатите и исклучително добро платени американски актерки и оскаровецот, во своите рани дваесетти години, поради тоа што намала за стан привремено престојува во засолниште за бездомници. 2.Крис Гарднер Гарднер е американски писател, чии книги се едни од најпродаваните, а неговата животна приказна беше инспирација за филмот „Во потрага по среќата". Гарднер , во еден момент во својот живот, останува без се што имал и живее на улица заедно со својот мал син. 3. Хилари Свонк Сега е исклучително добро платена холивудска актерка, но оскаровката кога имала 15 години живеела со својата мајка во нивниот автомобил. 4.Френк О Деа Ко-основачот на најголемиот ланец во Канада на продавници за кафе „Секнд Кап“, во своите рани дваесетти години, живеел на улица и имал проблеми со алкохолот. 5. Суз Орман Таа е финансиски гуру, а нејзиното богатство сега се проценува на 25 милиони долари. Сепак во 1973, Суз четирите месеци живеела во своето комбе. 6. Џон Ву Познатиот режисер на акциони филмови (Невозможна мисија 2) го поминал детството на улиците на Хонг Конг, заедно со другите членови на семејството. 7. Џим Кери Познатиот американски актер и комичар некогаш живеел во комбе и во шатор. 8. Џуел Познатата американска пејачка станала бездомник откако била отпуштена од работа, а без покрив над главата живеела околу еден месец и за малку ќе умрела поради сиромаштијата на еден  паркинг. 9. Даниел Крег Познатиот актер кој го глуми познатиот агент Џејмс Бонд во минатото бил сиромав и постојано спиел на некоја од клупите во паркот. 10.Ела Фицџералд Легендарната џез пејачка пред да стане славна личност била злоставувана, сиромашна, а се претпоставува дека била поврзана и со мафијата. 11. Мајкл Oхер Приказната на спортската ѕвезда исто така, служи како инспирација за филмот "The Blind Side". Oхер, пред постигнување на спортскиот успех, детството и тинејџерските денови ги минал на улица, а неговата мајка била зависник од дрога. 12.Кели Кларксон Пред да победи на Американскиот идол , сега славната пејачката живеела во автомобил, бидејќи нејзиниот стан изгорел во пожар. 13. Кармен Електра Таа станала бездомник откако нејзиниот поранешен дечко и ги украл сите пари што ги имала. Денес таа е една од најпознатите модели во светот. 14. Хари Худини Познатиот магионичар во текот на детството бил многу сиромашен и морал да проси на улица за да преживее. 15. Чарли Чаплин По смртта на неговиот татко, мајка на Чарли била сместена во ментална институција, а Чарли, заедно со неговите браќа морале сами да се снајдат низ улиците на Лондон.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти