03 Мај, 2024
0.0241

Неготино го слави Денот на вранецот

Објавено во: Агробизнис 12 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Во манастирот „Свети Ѓорѓи”, Неготино денеска го одбележува Денот на вранецот. како што информираат од Општината, традиционалната манифестација што ја организира локалната самоуправа е во рамки на неделата на виното „Свети Трифун 2013” по повод верскиот празник, заштитник на лозарите.

„Радува фактот што интересот за оваа манифестација секоја година е се поголем, не само од учесниците, туку и од гостите“ изјави градоначалникот на Неготино Пане Трајков. На Денот на вранецот учествуваат повеќе винарии, а посетителите можат да го вкусат нивното вино. Бројни настани се на агендата на прославата по повод „Свети Трифун”. Централната манифестација ќе се одржи во четврток кога на симболичен начин ќе се изврши ритуалот на кроење винова лоза

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?