17 Мај, 2024
0.0267

Недоразбирање во Вашингтон: Дали Обама воведе санкции за Русија или не?

Објавено во: Свет 18 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател, Барак Обама, не го потпиша законот со кој се предвидува воведување дополнителни санкции за Русија и испорака на оружје за Украина, се вели во соопштение од Белата куќа, демантирајќи ја при тоа изјавата на портпаролката на Стејт департментот дека Обама веќе го сторил тоа. Ваквата дезинформација ја потврдил и Стејт департменот кој истакнал дека портпаролката Џени Псаки направила грешка кога ваквата информација ја пренела на прес – конференција за новинари. Псаки во средата изнесе потврда дека Обама веќе го потпишал ваквиот закон. „Го потпиша вчера“, рече портпаролката на Стејт департментот, а изјавата ја пренесе „Russia today“. Претставниците на Белата куќа по неколку часа откако беше дадена ваквата изјава излегоа со реакција, тврдејќи дека ваквата информација не е точна и дека Псаки погрешила кога дала ваква изјава. „Псаки всушност направи грешка на пресконференцијат и наскоро ќе ја поправиме ваквата грешка на официјалниот сајт со објавување транскрипт од таа конференција со фустнота со која ќе се истакне направената грешка“, рекол портпаролот на Стејт департментот во изјава за руската медиумска мрежа „Sputnik“. Портпаролот на Белата куќа, Џонс Емест, во вторникот изјави дека се очекува законот да биде потпишан до крајот на неделата. Законот претходно беше изгласан во Конгресот и со него се предвидува воведување дополнителни економски санкции за Русија и истовремено му се дава овластување на претседателот, Барак Обама, да испрати воена помош за Украина, која вклучува и антитенковско вооружување и муниција. „Russia today“ потсетува дека со законот се предвидува 20 милиони долари помош за „поддршка на руската демократија и невладиниот сектор“, како и уште 10 милиони долари за ширење на нивното влијание во поранешните земји на СССР.  

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра