27 Април, 2024
0.0306

Неделен Фактор: Медот го изедовме, горчливиот вкус остана

Објавено во: Македонија, Колумни 19 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Дури и историските две номинации за најпрестижната филмска награда Оскар за глобалниот хит Медена земја успеа да остави горчлив вкус во поделеното општество кое упорно наоѓа начини да се истакне во ширењето негативна енергија.

Од еуфорија до бесмислени дебати дека некој се бунел зошто "актерката" била Турчинка и зошто филмот се снимил за запоставен рурален дел на оваа медена земја, а не некоја велелепна урбана модерна сцена.

Дијагнозата уште никој не се осмелува да ја постави, па затоа и продолжуваат овие хистерични крици во јавноста која се повеќе како да ужива да ја цеди енергијата на тие кои се позитивни, кои го гледаат животот со неговите можности и ги ценат успесите, поединечни и колективни.

Цитирањето на примитивни коментари и статуси не носи веќе ништо добро, тој дел од јавноста треба да се обележи како намерно насочен кон создавање тензија и злокобност. И такви отровни стрели не се вистинската слика за она мало преостанато јадро на нормалност во Македонија. Нивниот отров може да се прошири само кога ќе покажеме дека убодот сме го осетиле, дека продреле во нашето ткиво на толеранција и оставање простор за слобода на изразување.

Не треба да дозволиме да потонеме во таа смислена хистерија која ја уништува нашата решителност за нормализација на општеството. Една лажичка мед ќе ги смири нашите потечени грла обидувајќи се да докажеме дека филмската уметност не е на нацијата или колективот, ниту на нечија егоцентрична замисла за некаков протомакедонски филмски израз. Филмот е на авторите, во овој случај на една брилијантна екипа на режисери и кинематографи, кои на интимен, искрен и речиси волшебен начин ни овозможија да ѕирнеме во еден свет кој се чини некаде далеку, како во некоја сурова сказна, во некој надреален роман на Маркес.

Оскар нема да добие Македонија, златна статуетка нема да добие "народот", туку ќе се закитат со него авторите на Медена земја, кои може само да ги поздравиме и славиме.

Ваква недела на еуфорија и потонување во дефетизам во исто време не сме имале одамна. Иако за ракометарите се сметаше дека со групата во Австрија им паднала секирата во медот за лесен пласман во следната фаза тие одиграа под очекувањата, во евидентен расчекор на новите и млади ракометари кои не ги преземаа лидерските улоги како што се посакуваше.

Жедни за славење и оттргнување на мислите од отровното политичко секојдневните успеавме и во спортот да поентираме со исфорсираните партиски ставови. Од повици да им се забрани на ракометарите да настапуваат затоа што ја покриле Северна, па дури и дека прегласно го пееле делот од химната кој почнува со  Гоце Делчев, до тоа дека една партија го форсирала нивното место во репрезентацијата со години. Навивачи се поделувале и на трибините, да бидат настрана едни од ВМРО едни од СДСМ.

Како што изостанаа победите така и исчезна и муницијата за тие кои со нетрпение очекуваа така да го одбранат вековното име, да ги величаат храбрите македонски лавови, да ги зајакнат семакедонските квалитети и се тоа убаво со емотикони и знаменца измаркетирано на профилите на политичарите кои бесрамно ќе ги користат во непрестаната изборна кампања.

Мора да се преземе сопствена одговорност во тоа како ќе се поставите кон хистеричните изблици за ракометот, за оскарите, за уметноста и политиката, ќе дозволите ли да ве вовлечат во вртлогот на горчината или слатко ќе се заложите за нормалност и почит во спротивставувањето на ставовите и заложбите.

Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“