18 Мај, 2024
0.0289

Недела на културни настани во „Амбрела“

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Амбрела, ресторанот кој вработува лица со попреченост во ГТЦ, со цел зголемување на свеста кај целокупната популација, и намалување на јазот и бариерите кои постојат во општеството меѓу лицата со попреченост и останатата популација тргнува од идејата дека Попреченоста е само прашање на перцепција.

За таа цел органира неколку настани оваа недела.


1. Бесплатна работилница на тема Позитивна психологија – Колку ни е потребно за среќа?
Единствен начин да го промените својот својот живот, е ако поченете да ги менувате активностите кои ги правите секој ден. Тајната на успехот започнува сега. John C. Maxwell
Ве чекаме во среда, 17.04 во 17.30 заедно да дискутираме на тема - Колку ни е потребно за среќа? 

https://www.facebook.com/events/440419506708203/ 


2. Во организација на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром - ВО МОЈОТ СВЕТ, на 18 април 2019 г. од 19:00 – 21:00 часот, во ресторан Umbrella (ГТЦ), ќе биде промовирана поетската збирка ВО МОЈОТ СВЕТ, чиј автор е Валентина Попоска, мајка на Симона Попоска, на која и е дијагностициран аутизам.Рецензент и промотор на поетската збирка е поетесата м-р Анита Бошкова.
Музичкиот дел од програмата ќе го збогати нашата естрадна уметничка Сузана Турунџиева, на пијано, како и студенти од Музичката академија на професор Дарко Багески, на гитара.
Издавањето на збирката ВО МОЈОТ СВЕТ е во рамките на повеќегодишната кампањата на Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ – ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ, чија цел е подигнување на свеста за аутизмот. 

https://www.facebook.com/events/1486067184863078/ 


3. Тема на настанот - Велигденска детска работилницаЦена - 100 денари www.kupikartizase.com
Релизатори - Мали Креативци
Место- Ресторан Амбрела
Време 18.30 -20.30 часот.
Дата - 19.04.2019

18.30-19.10 - Изработка на велигденски зајчиња и пилиња
19.10-19.40 - Групни игри
19.40-20.30 - ИЗработка на велигденски ќесички

Обезбедени се материјали за секое дете. Секое дете може да изработи две велигденски изработки кои потоа си ги зема за себе

https://www.facebook.com/events/414666822647855/ 


4. Креативна и интерактивна работилница на тема Другарство – пишување и цртање ќе се одржи на 20.04 во 12 часот во Амбрела (ГТЦ) со младата авторка за детска литература, Билјана С. Црвенковска.Да покажеме дека попреченоста е само прашање на перцепција.
Ве чекаме на многу забава низ креативно – ликовно изразување.
Резервирајте го местото на вашето дете на 072 800 800
препорачлива возраст: 5+ години;
големина на група: до 30

https://www.facebook.com/events/417989558757543/ 


5. На 20ти април во 18 часот во Амбрела ќе се одржи забава за најмладите под наслов „Не лути се човече“, на којa како аниматор ќе се претстави познатиот водител на детски емисии - Ивце Пивце.
АКО НЕ СТЕ СО НАС - НЕ СТЕ СО СИТЕ!
Настанот, како што кажува и самиот наслов, ќе биде посветен на младите, играта и смеата... Ќе докажеме дека попреченоста е само прашање на перцепција дека ГОРЕ ДОЛУ сите сме еднакви.
Ова е уште еден од едукативните настани на Ресторан Амбрела чија мисија е преку општестевна одговорност на нашите познати лица, но и преку приказната, да влијае врз образованието на најмладите и да ја прошири нивната свест за вредностите во животот надвор од училишните клупи.
Бројот на учесници во играта е ограничен.
Резервирајте го своето место на 072 800 800 


 https://www.facebook.com/events/641439306306398/ 


6. 25.04.2019 - четврток, на само 3 дена пред Велигден, нашиот познат актер и стенд ап комичар Sasho Tasevski непосредно по маестралната претстава "Северно од Македонија" ќе настапи во ресторан Амбрела со своето ново стенд-ап шоу.
"Да се скршиме од смеење додека не сме ги искршиле јајцата"
Што би рекол Тасевски – Да не беше смешно, немаше да го играм!
Картите по цена од само 150 денари може да ги купите на www.kupikartizase.com, или директно на каса во ресторан Амбрела секој ден од 09:00 - 22:00
Смеењето е единствената бесплатна работа која го продолжува животот.
Дојдете да се искршиме од смеење, додека не сме ги скршиле јајцата.
Информации и резервации на телефон : 072 800 800
www.umbrella.mk 


https://www.facebook.com/events/2119843248070815/ 


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата