Не знаел англиски, но отишол во Ирска - еве што советува
Објавено во: Економија, Балкан 31 Мај, 2017
Денис Вејзовиќ(29) минатата година од Ријека отишол во Ирска, иако порано не ни мислел дека ќе замине во оваа земја.
Денес својата и иднината на своето семејство ја гледа во Ирска.
Вели дека одлуката не ја донел лесно, затоа што имал работа во склад во трговски центар. Кога заминал во Ирска, уште истиот ден сакал да се врати назад.
„Сакав истиот ден да се вратам назад. Зошто? Затоа што зад себе ја оставив својата девојка и девојчето од 3 години за да си дозволиме нешто повеќе од она што го имаме во Хрватска“ - вели Вејзовиќ.
Тој додава дека англиски јазик не знае, но морал да преземе ризик за да направи нешто за своето семејство.
Работа пронашол преку агенција за вработување и почнал да работи во склад со автогуми.
Три месеци работел во склад, а во меѓувреме почнал да го совладува и англискиот јазик, по што од сопственикот барал да го премести на друга позиција и му објаснил дека планира во Ирска да се пресели и неговото семејство.
Додава дека од понеделник до петок работи од 9 до 18 часот, за да биде слободен за викенд. За колегите вели дека многу му помогнале иако не знаел добро да зборува англиски.
На сите кои сакаат да си ја пробаат среќата во Ирска им советува ако дојдат и за кратко време не најдат работа, да бидат со ладни глави и да не паничат.