18 Мај, 2024
0.2734

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Во недела саатот го поместуваме нанапред!!

Објавено во: Стил 24 Март, 2015

Добивај вести на Viber

За разлика од зимското сметање на кое многумина се радуваат бидејќи „добиваме саат повеќе“, преминувањето на летното време на сметање на времето никој не го сака бидејќи спиеме „саат помалку“.

Летното сметање на времето ќе почне во ноќта помеѓу 28 и 29 март, кога часовниците треба да ги поместиме за час понапред.

Имено, во ноќта помеѓу сабота и недела часовникот во 2 часот наутро треба да го смениме да биде 3 часот.

Летното сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во октомври.

Во Македонија, како и дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 година, а од 1996 година е регулирано со Закон за сметање на времето.