09 Мај, 2024
0.1999

НЕ СЕ ИСЦРПЕНИ ДОМАШНИТЕ ПРАВНИ ЛЕКОВИ - Судот во Стразбур ја прогласи жалбата за недопустлива

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Апликациите на осудените и обвинетите од предметите што ги отвори СЈО, а кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги помилува, се недопуштени, ова го одлучи Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Судот смета дека обвинетите и осудените не успеале да ги исцрпат домашните правни лекови. Одлуката е финална, соопшти Европскиот суд. 

Тоа би значело дека предметите на поранешното СЈО не пропаѓаат и постапките за нив продолжуваат.

Апликациите во Стразбур ги поднесоа дел од поранешните функционери против кои постапки отвори СЈО, a како причина за нив се наведува аболицијата што поранешниот претседател Ѓорге Иванов им ја даде во 2016 година, но по бурните реакции потоа ја повлече.

Пред судот тие се жалат дека нивното кривично гонење по даденото помилување претставува кршење на владеењето на правото, како и дека повлекувањето на аболицијата било против правната сигурност.

Апликантите во Стразбур заедно со нивните адвокати и пред судовите често ги оспоруваа предметите на СЈО повикувајќи се на тезата дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече.

Судот одлучил дека апликантите не ги исцрпиле домашните правни лекови. Заклучи дека жалбите според член 6 (право на правично судење) беа предвремени, како што би направиле домашните власти, и тие имале можност прво да се осврнат на нив во кривичната постапка што е во тек. Во врска со член 5 (право на слобода и безбедност), еден од апликантите, Темелко, не ја подигнал својата жалба пред домашните судови, додека правниот лек кој друг апликант –Талески, за кој се тврди дека бил ефективен, беше одбиен како задоцнет пред националниот суд, одлуки кои се чини не биле произволни“, стои во одлуката на Стразбур.

Во одлука во предметот Талески и другите против Северна Македонија, Европскиот суд за човекови права едногласно ја прогласи жалбата за недопустлива. Одлуката е конечна.

Одлуката значи дека Европскиот суд ја префрли топката кај македонските власти. Обвинетите треба да почекаат да добијат правосилни судски одлуки за случаите, да ги исцрпат сите правни лекови кои им стојат на располагање, сите македонски судови да се произнесат за дадените аболициите на кои обвинетите се повикуваат, па тогаш да се поднесе нова апликација во судот во Стразбур.

Решението е резултат на жалбата во која се опфатени случаите поврзани со предметот за масовното прислушување и уништувањето на опремата – „Таргет – Тврдина“, предметот за изборни нерегуларности – „Титаник“, предметот за злоупотреба при организирање превоз на ученици во Битола – „Транспортер“, како и предметот за уривањето на објектот „Космос“, наречен ТНТ.

Многу од апликантите биле членови на владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ) во времето на настаните кои се во прашање, и сите тие имаа истакнати јавни позиции, вклучувајќи го и премиерот, владини министри и градоначалници. Ним им се суди за наводни кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското, широко распространето прислушување. Тие добија претседателски помилувања кои беа подоцна поништени. По поништувањата им се судеше, што е предмет на овој предмет.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: КАКО СЕ СОЗДАДЕ РАЗЛИКА ОД БЕЗМАЛКУ 280 ИЛЈАДИ ГЛАСА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ - кои партии најмногу загубија од изборните математики

АНАЛИЗА: КАКО СЕ СОЗДАДЕ РАЗЛИКА ОД БЕЗМАЛКУ 280 ИЛЈАДИ ГЛАСА МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ - кои партии најмногу загубија од изборните математики

„Откако народот избра друг да го краде, на политички план ќе биде исто“: Савески со остри критики кон двете поголеми политички партии

„Откако народот избра друг да го краде, на политички план ќе биде исто“: Савески со остри критики кон двете поголеми политички партии

Стојанче Ангелов: Победа за ДУИ во опозиција

Стојанче Ангелов: Победа за ДУИ во опозиција

СЕ ОГЛАСИ БОБАН КАРПЕЈОВСКИ ОД ЗНАМ: Направивме чудо, ќе бидеме поинакви и подобри од дргите

СЕ ОГЛАСИ БОБАН КАРПЕЈОВСКИ ОД ЗНАМ: Направивме чудо, ќе бидеме поинакви и подобри од дргите

СЕ РЕДАТ ОСТАВКИТЕ ВО СДСМ: И Тренчевска се повлекува од претседателското место на форумот на жени на партијата

СЕ РЕДАТ ОСТАВКИТЕ ВО СДСМ: И Тренчевска се повлекува од претседателското место на форумот на жени на партијата

КОЈА ПАРТИЈА КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ДОБИ ВО ИЗБОРНИТЕ ЕДИНИЦИ - ВМРО-ДПМНЕ најмногу води во Тројката: 14 спрема 4 со СДСМ

КОЈА ПАРТИЈА КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ДОБИ ВО ИЗБОРНИТЕ ЕДИНИЦИ - ВМРО-ДПМНЕ најмногу води во Тројката: 14 спрема 4 со СДСМ

Од Бугарија стигнаа првите пораки до ВМРО-ДПМНЕ: Ние не отстапуваме ни милиметар

Од Бугарија стигнаа првите пораки до ВМРО-ДПМНЕ: Ние не отстапуваме ни милиметар

„НА НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ИМ ТРЕБА НАДВОРЕШЕН НЕПРИЈАТЕЛ“: Најчевска со посебен осврт на собраниските избраници

„НА НЕКОИ ДРЖАВИ НЕ ИМ ТРЕБА НАДВОРЕШЕН НЕПРИЈАТЕЛ“: Најчевска со посебен осврт на собраниските избраници

Нано Ружин за Фактор: Една грешка постојано се повторува кај СДСМ и тоа ги чинеше голем пораз

Нано Ружин за Фактор: Една грешка постојано се повторува кај СДСМ и тоа ги чинеше голем пораз