Добивај вести на Viber
Хрватската полиција запрела Словенец, Црногорец и државјанин на Босна и Херцеговина кои со огромна брзина возеле еден по друг на автопат во хрватската област Лика.
Како што пишува хрватската новинска агенција Хина, тројцата се тркале меѓусебно „за големата награда на поранешна Југославија“.
Прв бил запрен 45-годишниот Словенец кој во својот „голф“ возел со брзина од 224 километри на час во моментот кога го запреле полицајците. Веднаш потоа бил запрен и 33- годишниот Црногорец кој возел со брзина од 246 километри на час во своето „ауди“. Во возило „опел“ кое се движело со брзина од 242 километри на час бил запрен и 55-годишниот државјанин на Босна и Херцеговина.
Сите тројца заработиле прекршочни пријави, но и забрана да управуваат со автомобил на територијата на Хрватска во траење од една година.