НЕ Е СЕ ИЗГУБЕНО: Рот вели дека има шанса во јуни да се реши спорот со Бугарија
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2021
Не е исклучена можноста наскоро да се најде решение за спорот со Бугарија.
Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот вели дека има голема шанса уште во јуни да дојдат до решение за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тој е оптимист дека процесот ќе успее. Но, треба и да се работи на реформи во земјава.
„Вие имате такво барање и португалското претседателство со Советот активно работи за такво решение, а ние во сојузната влада во Берлин го поддржуваме тоа онаму каде што можеме. Се надевам дека ќе го имате неопходното трпение бидејќи важни се и реформите, тоа е мојата порака до владата овде“, рече Рот.
Бугарија пак останува на своите тврди ставови, и бараат гаранции дека Договорот за добрососедство ќе се спроведува и дека нивните национални интереси нема да бидат нарушени. Претседателот на Македонија Стево Пендаровски вели дека е реалист и умерен оптимист. Поради блокадата од Бугарија се закочени македонските евроинтеграции.